Skip to content

Почетна

C:\Users\Korisnik\Desktop\Виктор се\DK\За сајот март\DSC_5477.JPG

Промовирана книгата „Долгата транзиција на Македонија: од независноста до Преспанскиот договор и потоа“

На 1 февруари 2024 година, во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, се одржа промоција на книгата Долгата транзиција на Македонија: од независноста до Преспанскиот договор и потоа, во организација на Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС). Публикацијата на англиски јазик ја објави познатата академска издавачка куќа „Палгрејв Макмилан“ од Лондон.

Добродојдовте во
Дипломатскиот клуб во Скопје!

Да, во Скопје, во главниот град на Република Северна Македонија, град кој веќе четврта деценија е домаќин на десетици дипломатски мисии на странски држави. Во Скопје, град кој има долга дипломатско-конзуларна традиција уште од времето кога и Македонија беше во составот на Отоманската Империја, кога во нашиот град беа отворени и делуваа конзулатите на Франција, Италија, Србија, Бугарија и други.

Денес, со задоволство можеме да констатираме дека во Скопје се одвиваат интензивни дипломатски активности и живот. Во него се кредитирани 33 резидентни амбасади и 26 претставништва на меѓународни организации и мисии, како  и 26 почесни конзули (додека во Битола 5, во Штип 3, во Охрид 3 и по еден почесен конзул во Струмица, Тетово, Струга, Кавадарци, Куманово).

Здружението на граѓани Дипломатскиот клуб – Скопје во кое членуваат активни и пензионирани македонски дипломати веќе 15 години од своето основање, со своите програмски активности и во комуникација и соработка со странските дипломатски претставништва, се стреми кон афирмација на вредностите и интересите на нашата држава.

Последни проекти

Дипломатски Летопис