Articles

Filter
  • Излезе од печат новиот број на списанието „Дипломатски летопис“

    semel pro semper2-01

    Кон крајот на минатата година од печат излезе вториот број на списанието „Дипломатски летопис“ во издание на Дипломатскиот клуб-Скопје, тематски посветен на 25 годишнината од осамостојувањето на Македонија. Поврзано со овој јубилеј, како и со навршувањето 5 години од заминувањето  на првиот  претседател на Република Македонија Киро Глигоров  во рубриката „галерија“ се објавени изјави за неговото дело на повеќе негови  современици од земјата и странство.

     Исто така, во списанието ексклузивно е објавена статијата „За правците на возобнова на урнатата надворешна политика на Република Македонија“ на професорот  д-р Љубомир Д.Фрчкоски, поранешен министер за надворешни работи на Р.Македонија. Натаму како прилози од „Историјата на македонската дипломатија“, следат написите „Република Македонија на дипломатската сцена“, на Ахил Тунтев, „Независноста на Македонија – првостепена задача“ на амбасадорот Трајан Петровски  и други.