21
Сеп 18

На 20 септември 2018 година, во Министерството за надворешни работи на Република Македонија се одржа Дипломатско-академска дебата на тема „Преспанскиот договор, меѓународната позиција на РМ и...“ во организација на Дипломатскиот клуб и Министерството за надворешни работи на Република Македонија. Целта на оваа дебата беше насочена кон анализа на импликациите од Договорот во однос на неколку аспекти, како името, идентитетот и ризиците, психолошките бариери на двете страни, митовите во политиката, формирањето на националните митови, меѓународните договори како и индивидуалните човекови права.

Повеќе: Дебата „Преспанскиот договор, меѓународната позиција на РМ и...“

03
Јул 18

semel pro semper2-01

Извршниот одбор на Дипломатскиот клуб – Скопје расправајќи за актуелните прашања од надворешната политика и дипломатијата на Република Македонија, констатира дека постои блокада во професионалниот развој на дипломатската структура како во Министерството за надворешни работи, така и во несоодветното претставување на земјата во странство.

                Евидентно е дека заради блокадата за неименување на шефови на Диломатско-конзулрните претставништва на Република Македонија во странство од страна на претседателот Ѓорге Иванов, несоодветно се претствуваат, афирмираат и бранат интересите на Република Македонија. Ова е особено индикативно кога треба максимално да се вложат напори за финализирање на интегрирањето на државата во европските и евроатланските структури.

Дипломатско искуство и практика е дека пренесувањето на инструкциите од МНР до највисоките нивоа на креаторите на надворешната политика во секоја држава е најефикасно кога се пренесуваат од страна на акредитираните амбасадори. Актуелно празни се 20 позиции на амбасадори на Република Македонија во странство заради неноминирање на амбасадори од страна  на претседателот Иванов и покрај серијата предлози што до него ги има доставено Владата на РМ.

Повеќе: Иванов ја уништува Дипломатијата

25
Јун 18

Н.Е. амбасадорот на Соединетите држави на Америка во Република Македониија, Џес Бејли беше гостин-воведничар во Дипломатскиот клуб. Средбата се одржа во МНР на РМ на 19 јуни 2018 година.

Амбасадорот Бејли пред македонските дипломати зборуваше за имплементацијата на националните интереси на САД во надворешната политика. Во дискусијата беа разгледани и ангажманите на САД и Европската унија во регионот на Југоисточна Европа и нивната меѓусебна координација.  

Повеќе: Џес Бејли гостин-воведничар во Дипломатскиот Клуб

14
Јун 18

semel pro semper2-01

По повод најавената спогодбата меѓу владите на Република Македонија и Република Грција за надминување на деценискиот спор за името на нашата држава, Дипломатскиот клуб смета дека тоа е настан без преседан во историјата на македонската дипоматија и ја поздравува постигнатата согласност.

Повеќе: Дипломатскиот клуб – Скопје за спогодбата Заев-Ципрас

11
Окт 18

Во организација на Министерството за надворешни работи на Република Македонија и на Дипломатскиот клуб – Скопје, на 6 октомври се одржа традиционалниот Дипломатски тениски турнир по повод државниот празник „11 октомври“. Оваа година, коорганизатор и спонзор на турнирот беше Францускиот културен центар во Скопје.

Повеќе: Дипломатски тениски турнир „11 октомври“

Страница 1 од 3

Проекти на ДК

Дебата „Преспанскиот договор, меѓународната позиција на РМ и...“

На 20 септември 2018 година, во Министерството за надворешни работи на Република Македонија се одржа Дипломатско-академска...

Идни активности на дипломатскиот клуб-скопје

19 јуни 2018 средба со Бејли
28 јуни 2018 средба со Нато во РМ
12 септември 2018 средба со Колбер