14
Јун 18
  • Печати

semel pro semper2-01

По повод најавената спогодбата меѓу владите на Република Македонија и Република Грција за надминување на деценискиот спор за името на нашата држава, Дипломатскиот клуб смета дека тоа е настан без преседан во историјата на македонската дипоматија и ја поздравува постигнатата согласност.

Самиот чин на потпишувањето и ратификацијата на оваа Спогодба сметаме дека ќе биде во рамките и потврда на реализацијата на стратешките определби на Република Македонија за интеграција во евро-атланските структри, за што во државата постои масовна подршка од самото нејзино осамостојување во 1991 година.

Воедно сметаме дека оваа Спогодба го докажува и историски ќе го потврди самопрегорот и државничката храброст на актуелната генерација на граѓаните и политичарите, а со нејзиното целосно имплементирање, нашата држава како потполн суверен меѓународен субјект ќе може да ги искористува сите придобивки на современите цивилизациски вредности и достигнувања.