Во организација на Министерството за надворешни работи на Република Македонија и на Дипломатскиот клуб – Скопје, на 6 октомври се одржа традиционалниот Дипломатски тениски турнир по повод државниот празник „11 октомври“. Оваа година, коорганизатор и спонзор на турнирот беше Францускиот културен центар во Скопје.
Победничка во женска конкуренција беше Сандра Исмаиловичова, претставничка на Амбасадата на Словачка.
Во машка конкуренција првото место го зазема двојката - Јоже Сирониќ од Словенија и Драган Петковски од Македонија, додека второто место им припадна на Оливие Пишери од Франција и на рускиот амбасадор Сергеј Баздникин.
Дипломатскиот клуб во својата основна активност има за цел остварување на поширокиот интерес на државата Република Македонија за примена на традиционалните меѓународни обичаи за непосредна комуникација на дипломатите од различни држави.
+389-70 358-393
Доколку сакате да дознаете повеќе за нашиот клуб или пак за нашите активности претплатете се на нашиот меил билтен