21
Фев 19

Дипломатскиот клуб – Скопје и Факултетот за безбедност при УСКО од Скопје, 20.02.2019 год беа организатори на Научно-стручна конференција на тема „Перспективите и предизвиците на македонското членство во НАТО“. Воведни излагања имаа Заменичката на преседателот на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шеќеринска, Националниот координатор на РМ за членство во НАТО, Стево Пендаровски и Шефот на Канцеларијата на НАТО за врски, Зоран Јанковиќ.

Во пленарниот дел од Конференцијата реферати поднесоа членовите на Клубот, Огне Малески, Виктор Габер и Сашко Тодоровски, како и професорот Раде Рајковчевски. Во дискусијата која следеше учество земаа поголем број професори од Факлултетот, како и диломатите Дејан Велковски и Никола Тодорчевски.

Сите излагања и дискусии во текот на расправата ќе бидат објавени во посевна едиција на Дипломатскиот клуб и Факултетот за безбедност во Скопје.

Проекти на ДК

Дебата „Преспанскиот договор, меѓународната позиција на РМ и...“

На 20 септември 2018 година, во Министерството за надворешни работи на Република Македонија се одржа Дипломатско-академска...

Идни активности на дипломатскиот клуб-скопје

19 јуни 2018 средба со Бејли
28 јуни 2018 средба со Нато во РМ
12 септември 2018 средба со Колбер