24
Јул 19
  • Печати

Новата книга на членот на Дипломатскиот клуб, амбасадоротДанчо Марковски е прво дело од овој вид во Република Северна Македонија, ацелосно ја покрива материјата на дипломатскиот протокол, етикецијата икореспонденцијата.

Промоцијата на ова значајно дело се одржа на 27 јуни 2019 година во Министерствотоза надворешни работи, а беше организирана од страна на Универзитетот Американколеџ Скопје (УАКС), во соработка со Министерството за надворешни работи иДипломатскиот Клуб - Скопје.

 

Промотори на овој вреден прирачник за дипломатите, но иса сите надлежни кои се бават со официјален протокол и кореспонденција беапроф. д-р Иван Додовски, декан на Факултетот за политички наукипри УАКС,ополномоштениот министер во МНР Сашко Тодоровски и Н. Е. Данијела Баришиќ –амбасадорка на Република Хрватска. Тие нагласија сека во многу земји не пстоивакво систематизирано и сеопфатно дело кое ја покрива оваа материја и декаочекуваат дека покрај ова издание на македонски јазик, тоа ќе биде преведено иво странство.

Книгата содржи историски и теоретски,како и практичен дел, со повеќе примери на дипломатска кореспонденција, јазичникна дипломатски термини и други прилози. На едно место и прегледно овојприрачник ги објаснува најзначајните функции и алатки на државниот протоколкако неопходна димензија во професионалната работа на министерствата и органите,како и на сите други државни служби, локални институции и организации