20
Сеп 20


Денес, амбасадорот на Република Италија во Скопје, Н.Е. Карло Ромео, во името на италијанскиот претседател Серџо Матарела, му го врачи одликувањето „Ѕвезда на Италија“ на амбасадорот Виктор Габер, претседателот на Дипломатскиот клуб.

Во присуство на претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, на министри и други званичници, ова признание на амбасадорот Габер му е врачено заради неговата долгогодишна активност во развојот на билатералните македонско- италијанските односи и соработка. Тој беше и првиот македонски амбасадор во Рим.

На свечената церемонија во италијанската резиденција, амбасадорот Ромео ја образложи одлуката за доделување на ова одликување и за придонесот на Габер во воспоставувањето, одржувањето и развојот на дипломатските односи меѓу двете земји, но и во развојот на македонската дипломатија. Славеникот Габер заблагодарувајќи се за иницијативата на италијанската амбасада и лично на амбасадорот Ромео и особено на претседателот Серџо Матарела за доделување на ова одликување, говореше за милениумските врски и соработка на народите на апенинскиот и балканскиот полуостров, а во тој контекст и на македонскиот и италијанскиот народ.

За Дипломатскиот клуб – Скопје
Огнен Малески, потпретседател

 

Проекти на ДК

Дебата „Преспанскиот договор, меѓународната позиција на РМ и...“

На 20 септември 2018 година, во Министерството за надворешни работи на Република Македонија се одржа Дипломатско-академска...

Идни активности на дипломатскиот клуб-скопје

19 јуни 2018 средба со Бејли
28 јуни 2018 средба со Нато во РМ
12 септември 2018 средба со Колбер