29
Мар 21

ДИПЛОМАТСКИ КЛУБ

С к о п ј е

Република Македонија

Бр. 16/21

29 март 2021 година

 

 DIPLOMATIC CLUB

S k o p j e

Republic of Macedonia

С О О П Ш Т Е Н И Е
за медиумите

Последен поздрав
за дипломатот и писателот Трајан Петровски.

    Почина нашиот колега Трајан Петровски, првиот нерезидентен амбасадор на Репубилика Македонија деташиран во Анкара во јуни 1992 година. Како исткнат дипломат над три децении тој со непокор работеше на етаблирање на органите за надворешни работи на нашата држава и беше еден од незаменливите дипломати-промотори на македонската култура во светот.

    Професионалниот дипломатски ангажман на Петровски во многу ја збогати и мултудимензионално ја постави неговата литературна вокација, а неговите романи, поезија, есеи и патеписи ги проширија културните реалности и вредности на Македонија низ светот.

          Како истакнат член на Дипломатскиот клуб – Скопје, колегата Петровски даде полн придонес и за аналитичко, систематско и професионално проучување и историографско документирање на активностите на македонската дипломатија во нејзиниот 50 годишен развој.

          Простувајќи се од Трајан Петровски, веруваме дека многу генерации дипломати на Република Северна Македонија ќе го следат неговиот пример за истојно и одговорно реализирање на интересите на земјата во односите со странските субјекти.

 

Проекти на ДК

Дебата „Преспанскиот договор, меѓународната позиција на РМ и...“

На 20 септември 2018 година, во Министерството за надворешни работи на Република Македонија се одржа Дипломатско-академска...

Идни активности на дипломатскиот клуб-скопје

19 јуни 2018 средба со Бејли
28 јуни 2018 средба со Нато во РМ
12 септември 2018 средба со Колбер