Филтер
  • Одлука за Дипломатскиот клуб

    Основачкото собрание за формирање на здружението „Дипломатски клуб“ во Скопје, денес, на 18 февруари 2010 година, во Скопје, во зградата на „Технометал - Вардар“ (ул.„Македонија“ б.б., 1000 Скопје), по спроведувањето на постапката за избор на членови на Управниот одбор и членови на Надзорната комисија на Здружението (отворање на изборот, предлози за кандидати и гласање) ги донесе следните

     

  • Записник од оснoвачкото собрание на здружението дипломатскиот клуб

    На 12 и 18 февруари 2010 година беше одржано Основачко собрание на здружението Дипломатски клуб, со седиште во Скопје, Република Македонија. 

    Присутни на Собранието беа Виктор Габер, Благој Зашов, Сашко Тодоровски, Шпреса Јусуфи, Јошко Станковиќ, Васил Пановски, Стојан Руменовски, Петко Стефановски, Огнен Малески, Радика Секуловска, Трајче Илиевски, Цветко Колчаковски и  Лина Огненова.

     

    Основачкото Собрание го предложи и со акламација го усвои следниов Дневен Ред:

    1. Избор на претседавач на Собранието и на записничар;
    2. Усвојување на Статутот на Здружението „Дипломатски клуб“;
    3. Усвојување на Програмата за работа на Дипломатскиот клуб;
    4. Избор на членови на органите и телата на Дипломатскиот клуб;
    5. Разно

     

    Согласно усвоениот Дневен ред, Собранието: 

    1. го избра Сашко Тодоровски, за претседавач; Лина Огненова за прв записничар и Радика Секуловска за втор записничар;
    2. го разгледа предложениот текст на Статутот на Дипломатскиот клуб. По расправата ги усвои и во текстот на Статутот ги инкорпорира предложените измени. Статутот беше едногласно усвоен, со јавно гласање.
    3.  ја разгледа и усвои Програмата за работа на Дипломатскиот клуб. По расправата ги усвои и во текстот на Програмата ги инкорпорира предложените измени. Програмата беше едногласно усвоена со јавно гласање;
    4. беа избрани седум (7) членови на Управниот Одбор. За претседател беше предложен и едногласно избран Виктор Габер, а за потпретседател Огнен Малески; за членови: Благој Зашов, Трајче Илиевски, Шпреса Јусуфи, Стојан Руменовски и Лина Огненова; беа избрани и три (3) члена на Надзорната комисија- Васил Пановски, Радика Секуловска и Петко Стефановски.

     

    Избраните членови на Управниот одбор, сметајќи ги тука и Претседателот и Потпретседателот, за секретар на Одборот го предложија и избраа Цветко Колчаковски.

    5. Под точката 5 (Разно) Основачкото Собрание заклучи: сите потребни документи (дали треба да се набројат) да бидат поднесени во Централниот регистар на Република Македонија заради  започнување постапка за регистрација на Здружението Македонски дипломатски клуб – Скопје.

     

    Прв записничар:                           Претседавач на Собранието

    Лина Огненова                                      Сашко Тодоровски

    Втор записничар:

    Радика Секуловска

     

     

    Во Скопје, на 22 февруари 2010

  • Апликација за членство

    Доколку сакате да членувате и да бидете дел од Дипломатскиот клуб ве молиме превземете ја следната апликација за членство ( Апликација за членство ), пополнете ја и испратете ја на дадената адреса. Деталите за критериумите за членство можете да ги најдете на следниов линк: Критериуми за членство

  • Критериуми за членство

    Извршниот одбор на „Дипломатски клуб“ во Скопје, денес, на 15 септември 2010 година, во Скопје, во зградата на „Технометал - Вардар“ (ул.„Македонија“ б.б., 1000 Скопје), по размената на мислењата со поширокото членство и нивно ускладување со чл. 3 и чл.4 од Статутот на Клубот, ја донесе следнава.

      

    О Д Л У К А
    за
    критериуми за членство во „Дипломатскиот клуб“ Скопје

     

    • Поведени од потребата од дефинирање на условите за прием во членство на лица заинтересирани да се вклучат во активностите на Клубот;
    • Со оглед на принципиелната отвореност на Клубот за учество на што поголем број на заинтересирани за дипломатијата, надворешната политика, меѓународните односи и меѓународното право;
    • како и во функција за допрецизирање на одредби на Статутот на Клубот, Извршниот одбор на здружението „Дипломатски клуб“

    у т в р д и:

    1. Член на Клубот може да биде:
      • активен или поранешен дипломат на Република Македонија, кон работел најмалку 6 (шест) години во Министерството за надворешни работи;
      • странски дипломат за време на својот мандат во Република Македонија;
      • секој почесен конзул на странска држава во Република Македонија..
    2. По предлог на Извршниот одбор на ДК почесен член на Клубот може да биде:
      • поранешен министер за надворешни работи на Република Македонија;
      • истакнат поединец кој ја следи проблематиката на дипломатијата, надворешната политика, меѓународните односи и меѓународното право и/или активностите на Клубот.
    3. Одлука за прием на нов член, со задолжително образложение ја донесува Извршниот одбор на Клубот, најдоцна три недели од поднесување на барањето за членство во Клубот.



    Скопје, 15 септември 2010.
    Виктор Габер, претседател

  • Средба со амбасадорот Филип Рикер

    АМБАСАДОРОТ НА САД ФИЛИП РИКЕР ВО „ДИПОМАТСКИОТ КЛУБ“

     

    Во дебатната сала на Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје, на 31 март годинава, Амбасадорот на Соединетите американски држави, Н.Е., г-динот Филип Рикер зборуваше за „Американската надворешна политика и регионот на Југоисточна Европа“

    По неговиот настап се разви интересна дискусија во насока на подобро разбирање на надворешната политика на САД, нејзиниот глобален карактер и во тој контекст актуелните движења во регионот на Југоисточна Европа.

  • Промоции на нови книги на македонските дипломати

    Книгата на Драган Јањатов „Традициите на руската дипломатска школа“, беше промовирана на 21 септември во Домот на Армијата на Република Македонија во Скопје од страна на амбасадорот, Трајан Петровски, проф. Жила Лина, министер - советникот на Амбасадата на Руската федерација во Република Македонија, Евгениј Егоров  и издавачот, проф. Веле Смилевски.


      

  • Промоција на новата книга на Виктор Габер „Од објект до субјект – Македонија во меѓународните односи“

    На  15 декемеври 2017 година, во Домот на АРМ, беше промовирана книгата на Виктор Габер „Од објект до субјект – Македонија во меѓународните односи“, издадена од фондацијата „Фридрих Еберт“, канцеларија во Македонија.

    Во оваа опсежна студија Габер се осврнува на генезата на традиционалните, културните, и политичките услови за формирање на масовно чувство и потреба од постоење на самостојна македонска држава. Во книгата опширно се следат овие процеси сè до предизвиците за зачувување на статусот на суверена и независна држава, субјект на меѓународната сцена, на актуелната политичка карта на светот.

  • Покана за промоција на книгата „ОД ОБЈЕКТ ДО СУБЈЕКТ – Македонија во меѓународните односи“, од амбасадорот Виктор Габер

  • Покана за промоција

  • Тркалезна маса на тема „Европска унија, предизвици и перспективи“

    Дипломатскиот клуб-Скопје, во соработка со Правниот факултет “Јустинијан Први”, на 06 декември 2016 година, на Правниот факултет, одржа Тркалезна маса на тема: “Европската Унија, предизвици и перспективи”, на која учествуваа Проф. Д-р Татјана Петрушевска и Н.Е. Мартин Безак, амбасадор на Република Словачка во Република Македонија. Модератор на настанот беше претседателот на Клубот, амбасадорот Данчо Марковски. На Трибината присуствуваат членови на Дипломатскиот клуб, како и студенти од Правниот факултет, кои поставија интересни прашања до амбасадорот Безак.

    Во излагањата, како и во прашањата и дискусиите, тема беа актуелните случувања, настани и состојби со кои се соочува оваа, по многу нешта единствена меѓународна заедница. Брегзит, појавата на евроскептицизмот кај одредени земји членки на Унијата, како и поедини повици за запирање на процесот на проширување, можното редефинирање на односите со САД кон Европа, изборите во Австрија, референдумот во Италија, настани, што несомнено ќе имаат важна улога во идната архитектура на меѓународната заедница. Неизбежно, но и натаму отвортено, останува и прашањето за брановите бегалци, тактизирањето за квотите и различните видови помош, различните позиции на земјите членки во однос на ова прашање, но и обидите за изнаоѓање решенија.

  • Соопштение за јавноста

    ДИПЛОМАТСКИ КЛУБ
    С к о п ј е
    Република Македонија
    semel pro semper2-01 DIPLOMATIC CLUB
    S k o p j e
    Republic of Macedonia 

    Br. 68/15
    Skopje, 15.12.2015


    Соопштение за јавноста

    Членовите на Дипломатскиот клуб, предизвикани од чинот на именување на зградата на Министерството за нНадворешни рРаботи далеку од очите на јавноста и без транспарентна процедура, отворија расправа за можните мотиви на креаторите на тековната политика за давање на имиња на јавни и државни објекти. Разгледувајќи го овој потег во контекст на другите именувања и преименувања (на улици), кои се соопштуваат post festum и како завршена работа за којаи не треба да се даваат никакви објасненија, Клубот смета дека оваа постапката претставува израз на потценување на јавноста, во случајов и на дипломатската структура на РМ. Со изборот на името што треба да го носи зградата на Министерството е испратена и своевидна порака до меѓународните претставници во државата за насоката на нашата надворешна политика.

  • Соопштение за јавноста (4)

    ДИПЛОМАТСКИ КЛУБ
    С к о п ј е
    Република Македонија
    semel pro semper2-01 DIPLOMATIC CLUB
    S k o p j e
    Republic of Macedonia 

    Br. 68/15
    Skopje, 15.12.2015


    Соопштение за јавноста

    Членовите на Дипломатскиот клуб, предизвикани од чинот на именување на зградата на Министерството за нНадворешни рРаботи далеку од очите на јавноста и без транспарентна процедура, отворија расправа за можните мотиви на креаторите на тековната политика за давање на имиња на јавни и државни објекти. Разгледувајќи го овој потег во контекст на другите именувања и преименувања (на улици), кои се соопштуваат post festum и како завршена работа за којаи не треба да се даваат никакви објасненија, Клубот смета дека оваа постапката претставува израз на потценување на јавноста, во случајов и на дипломатската структура на РМ. Со изборот на името што треба да го носи зградата на Министерството е испратена и своевидна порака до меѓународните претставници во државата за насоката на нашата надворешна политика.

  • Предавање на рускиот амбасадор Олег Шчербак

    Амбасадорот на Руската Федерација, Олег Шчербак, во амфитеатарот на Универзитетот МИТ, на 19. Ноември 2015., одржа предавање на тема: „Аспекти на актуелната руска надворешна политика".

    Во излагањето амбасадорот Шчербак презентираше официјални ставови на Руската Федерација во врска со ситуацијата во Сирија и односите со Украина.

    Покрај членовите на Дипломатскиот Клуб, на предавањето присутвуваа и студенти и професори на Универзитетот МИТ, слушатели на постдипломски студии од Универзитетот ФОН, како и претставници од медиумите.

    Дипломатски Клуб - Скопје

  • Семинар за депортацијата на Евреите од Макеоднија

    Во организација на Дипломатскиот клуб – Скопје и во соработка со Институтот за национална историја – Скопје, Меморијалниот центар за холокаустот на Евреите од Македонија – Скопје, како и со подршка на Министерството за образование и наука во Република Македонија, на 12 декември 2014 во Меморијалниот центар се одржа семинар за 50-ина професорите во средните училишта во Република Македонија.
        Овој Семинар е во рамките на проектот „Дипломатските ‘игри‘ околу депортацијата на Евреите од Македонија“. Покрај членовите на Клубот, Сашко Тодоровски и Виктор Габер, пред професорите свои излагања имаа и членовите на ИНИ Драги Ѓеоргиев, Ирена Авировиќ и Теон Џинго, како и директор на Меморијалниот центар Горан Садикарио. 

  • Излагање на италијанскиот амбасадор Ернесто Белели за италијанската дипломатија

    Амбасадорот на Република Италија во Република Македонија, Н.Е. Ернесто Белели, на 25 ноември 2014 година, пред членовите на Дипломатскиот клуб-Скопје и слушателите на Дипломатската академија на Министерството за надворешни работи, говореше за „Нормативната позиција на италијанските дипломати и практичната реализација на таа позиција“.

              Во своето излагање, амбасадорот Белели нагласи дека во Италија на дипломатијата се глада како на главен фактор во реализација на стратегиските цели на државата. Соодветно, за нејзиното дејствивање државата издвојуна 1,2% од Буџетот. Извести дека во странство Италија ја претставуваат околу 500 дипломати и околу 750 функционери од други министерства (култура, земјоделие, трговија, економија, туризам и сл.).

  • Промоција на книгата „Дипломатија и политика“ од Виктор Габер

    На Универзитетскиот Американ колеџ во Скопје, на 20 ноември годинава,  професорите д-р Ѓорѓи Спасов и д-р Стево Пендаровски ја промовираа новата книга на амбасадорот Виктор Габер „Дипломатија и политика“. Промоторите го истакнаа значењето на книгата како прва од овој вид, која го обработува односот и меѓузависноста во делувањето на овие два субјекта на планот на одбраната на државните интереси на надворешен план.

    Целта на своето дело амбасадорот Габер ја дефинира уште на самиот почеток како „напор за расветлување на состојби, за таложење на искуства и утврдување на методи за најсоодветно, современо вградување на дипломатијата во системот на водење на државните работи, во преземањата на поитиката која ја дизајнира судбината на многу луѓе, на цели народи и директно влијае на степенот на развојот, за поведување на војна и склучување на мир“.

  • Промовирана книгата „Македонската надворешна политика, 1991-2011“ од Стево Пендаровски

    Во организација на Дипоматскиот клуб и Универзитетот Американ колеџ Скопје на 27декември (четврток) 2012 година, во Домот на АРМ се одржа промоција на книгата од проф. д-р Стево Пендаровски Македонската надворешна политика, 1991-2011: аспекти на внатрешниот и меѓународниот легитимитет (објавена во оригинал на англиски јазик, под наслов Macedonian Foreign Policy, 1991-2011: Aspects of Internal and International Legitimacy). За книгата зборуваа промоторите Тихомир Илиевски, амбасадор, и Исмет Рамадани, потпретседател на Евро-атлантскиот совет на Македонија, а модератор на промоцијата беше претседателот на Клубот Виктор Габер. Книгата е издание на издавачката куќа „Магор“. На промоцијата присуствуваа стотина угледни гости- амбасадори, други дипломати, универзитетски професори, истражувачи, новинари, студенти и други гости.

  • Промоција на книгата „Македонската надворешна политика“

    Универзитетот Американ колеџ Скопје и издавачката куќа „Магор“

    во соработка со Дипломатскиот клуб на Република Македонија

    имаат чест да Ве поканат на промоција на книгата

     

    Macedonian Foreign Policy, 1991-2011:

    Aspects of Internal and International Legitimacy

    од проф. д-р Стево Пендаровски

     

    Промотори:

    Тихомир Илиевски, амбасадор

    Исмет Рамадани, потпретседател на Евро-атлантскиот совет на Македонија

     

    Дом на АРМ, четврток 27 декември 2012 година, почеток во 12 часот

     

    RSVP 02-5246159 или на info@uacs.edu.mk

     

  • ЈАВНА ДЕБАТА ЗА ЗАКОН

    -согледувања за Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за надворешни работи-

     „Дипломатскиот клуб“ и Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во соработка со раководството на Синдикатот на македонската дипломатска служба, организираа јавната дебата за предложените измени и дополнувања на Законот за надворешни работи на Република Македонија. Организаторите се водеа од потребата за унапредување на статусот и ефикасноста на македонската дипломатија,  во функција на  афирмација и одбрана на интересите на државата. Притоа, се имаше предвид и потребата да се реализира вистинска јавна дебата, за почеток, на ниво на дипломатските структури и пошироката експертска јавност, што недостасуваше при подготвувањето на Предлогот на законските измени понудени од Министерството за надворешни работи.

  • Недипломатско однесување на амбасадорот Чејку

    -Расправа во Дипломатскиот клуб-

    Дипломатскиот клуб со внимание ги следи актуелните настани врзани за надворешната политика на Република Македонија, а со тоа и реакциите околу подигањето споменик на Адем Јашари (роден и загинал на Косово[1]) во скопското село Радуша. Притоа, со големо разочарување членовите на Клубот констатираа дека не забележаа јавна реакција за постапката на амбасадорот на Република Албанија во Република Македонија, Н.Е. Арбен Чејку.

  • Промоции на нови книги на македонските дипломати

    Книгата на Драган Јањатов „Традициите на руската дипломатска школа“, беше промовирана на 21 септември во Домот на Армијата на Република Македонија во Скопје од страна на амбасадорот, Трајан Петровски, проф. Жила Лина, министер - советникот на Амбасадата на Руската федерација во Република Македонија, Евгениј Егоров  и издавачот, проф. Веле Смилевски.


      

  • Средба со амбасадорот Филип Рикер

    АМБАСАДОРОТ НА САД ФИЛИП РИКЕР ВО „ДИПОМАТСКИОТ КЛУБ“

     

    Во дебатната сала на Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје, на 31 март 2011, Амбасадорот на Соединетите американски држави, Н.Е., г-динот Филип Рикер зборуваше за „Американската надворешна политика и регионот на Југоисточна Европа“

    По неговиот настап се разви интересна дискусија во насока на подобро разбирање на надворешната политика на САД, нејзиниот глобален карактер и во тој контекст актуелните движења во регионот на Југоисточна Европа.

  • Јавна трибина за Лекторатите

    ТРИБИНА, ПОСВЕТЕНА НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК
    11 МАРТ 2011 
    МАKЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ВО СВЕТОТ
    - ИЗУЧУВАЊЕ И АФИРМАЦИЈА -

     

    На 11 март во Скопје во   организација на Дипломатскиот клуб со седиште во Скопје, Филолошкиот факултет и Семинарот за македонски јазик, беше одржана јавна трибина на која беа разгледани актуелните состојби поврзани со   лекторатите за македонски јазик, литература и култура на светските универзитети и институти за јазик. Цел на трибината беше да го сврти вниманието кон одредени проблеми врзани за изучувањето на македонскиот јазик во светот.  

  • Дебата „Новата дипломатска служба на Европската унија“ со Ерван Фуере

    Специјалниот пратеник и Шеф на Делегацијата на Европската унија, амбасадорот Ерван Фуере, во „Дипломатскиот клуб“ – Скопје беше главен говорник на дебатата во овој клуб на тема „Новата дипломатска служба на Европската унија“ Дебатата се одржа на 4-ти јуни 2010 во 17.00 ч., во Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. 

    Оваа тема, која во вид на предлог предизвика голем интерес не само во дипломатските кругови во Брисел, претставуваше мотив за подетални дискусии, анализи и проекции за развојот на современата дипломатија, а со тоа и за иднината на македонската дипломатија.

  • Средба со претставници на медиумите

    Извршниот одбор на „Дипломатскиот клуб“ со седиште во Скопје на 8 април 2010 година, во 11.00 ч., во просториите на „Технометал – Вардар“ одржа средба со претставниците на медиумите на која го претстави новоформираното здружение „Дипломатски клуб“, неговите цели и планираните активности.

    Новинарите беа известени дека „Дипломатскиот клуб“ во својот Статут и во Програмата, покрај другото предвидува и серија активности за збогатување на професионалниот и социјалниот живот на македонските и на странските дипломати акредитирани во Скопје, преку размена на мислења, одржување на собири, семинари, панел-дискусии и покренување на проекти, како и излагања на експерти и државни претставници на теми од областа на надворешната политика, меѓународните односи и меѓународното право.

Проекти на ДК

Дебата „Преспанскиот договор, меѓународната позиција на РМ и...“

На 20 септември 2018 година, во Министерството за надворешни работи на Република Македонија се одржа Дипломатско-академска...

Идни активности на дипломатскиот клуб-скопје

19 јуни 2018 средба со Бејли
28 јуни 2018 средба со Нато во РМ
12 септември 2018 средба со Колбер