Филтер
  • Промоција на најновата книга на Д-р Данчо Марковски, поранешен македонски амбасадор во Загреб

    На 28 септември 2017, во Министерството за надворешни работи беше промовирана најновата книга на Д-р Данчо Марковски, поранешен македонски амбасадор во Загреб. Промотори беа словенечкиот амбасадор во Скопје г. Милан Јазбец и хрватската амбасадорка во Скопје г-ѓа Данијела Баришиќ. Организитори на промоцијата беа: Дипломатскиот клуб-Скопје, Фондацијата Фридрих Еберт и Министерството за надворешни работи.

    Им ја препорачуваме книгата на сите македонски дипломати, активни и во пензија, со надеж дека ќе продолжи пишувањето книги и пренесувањето на сопствените искуства на новите генерации македонски дипломати.

  • Тардиционален Дипломатски турнир во тенис „Скопје 2017“

    По повод државниот празник 11 октомври, Министерството за надворешни работи и Дипломатскиот клуб – Скопје, на 14 октомври 2017 година, по 21 пат го организираа традиционалниот Дипломатски турнир во тенис.

  • Средба со генерал Тодор Атанасовски

     

    Генералот Тодор Атанасовски, претседател на Сојузот на борците од народно ослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945, пред членовите на Дипломатскиот клуб, деновиве (30 септември) говореше за глобалните безбедносни поместувања и за нивното влијание врз состојбите во Република Македонија. Тој истакна дека заради актуелните состојби во Македонија, земјата се наоѓа пред нови искушенија и дилеми, како во Втората светска војна кога требаше да избере, и ја избра вистинската страна – антифашистичката коалиција. Тој смета дека на актуелната генерација паѓа товарот за зачувување на државата и на нејзиниот меѓународен углед. „Многу е важно дали ние ќе ја одржиме државата или некој друг тоа ќе го стори“, поентираше генералот Атанасовски.

  • Покана за промоција на книга „Основи на дипломатската служба“

  • Одржана дебатата „Нови ветрови во руската дипломатија – состојби и развој“

    Во организација на „Дипломатскиот клуб“, на 10 октомври 2013 година (четврток), во 12 часот,  во Народната и Универзитетска библиотека „Св, Климент Охридски“ во Скопје, беше одржана дебата на тема „Нови ветрови во руската дипломатија – состојби и развој“ на која главен излагач беше г-динот Константин Берсенев, советник, заменик шеф на Амбасадата на Руската федерација во Скопје.

  • Покана за дебатата „Нови ветрови во руската дипломатија – состојби и развој“

    П О К А Н А

    за дебатата

    Нови ветрови во руската дипломатија – состојби и развој

     

                Во организација на „Дипломатскиот клуб“ со седиште во Скопје на 10 октомври 2013 година (четврток), во 12 часот, во дебатната сала на Народната и Универзитетска библиотека „Св, Климент Охридски“ во Скопје ќе се одржи средба со г-динот Константин Берсенев, советник и заменик шеф на Амбасадата на Руската федерација во Скопје, и дебата на тема:  

  • Неделна средба во „Џино“

    Извршниот одбор на Дипломтаскиот клуб за своите редовни неделни средби на кои се разгледуваат тековните и се проектираат идните активности, од октомври 2012 година, го користи гостопримството на ресторантот „Џино“, на првиот кат во Градскиот трговски центар.

  • Промовирана книгата „Московски записи 1993-2003“ на Драган Јањатов

    На 4 октомври 2012, во Салонот 19,19 на Културно-информативниот Центар во Скопје, беше промовирана втората публицистичка книга на колегата Драган Јањатов, која претставува збир на одбрани текстови за настани и сведоштва од времето на повеќегодишниот престој на авторот во Москва во својство на акредитиран дипломатски претставник на Република Македонија во Руската Федерација.

Проекти на ДК

Дебата „Преспанскиот договор, меѓународната позиција на РМ и...“

На 20 септември 2018 година, во Министерството за надворешни работи на Република Македонија се одржа Дипломатско-академска...

Идни активности на дипломатскиот клуб-скопје

19 јуни 2018 средба со Бејли
28 јуни 2018 средба со Нато во РМ
12 септември 2018 средба со Колбер