Филтер
  • Промоција на зборникот „Дипломатијата и депортацијата на Македонските евреи“

    На 8 март 2017 година, во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје беше промовиран Зборникот на трудови од Меѓународната научна конференција која под тој наслов се одржа во 2015, а во организација на Дипломатскиот клуб - Скопје. Коорганизатори на оваа Конференција беа Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и Институтот за национална историја. Оваа Конференција беше дел од проектот „Дипломатските ‘игри‘ околу депортацијата на Евреите од Македонија во 1943“, кофинансиран и од Меѓународната асицијација за сеќавање на холокаустот од Берлин (IHRA).  

  • Oдржано генералното собрание на дипломатскиот клуб

    Во свечената сала на „Технометал-Вардар“, на 3 март 2015 година, беше одржано Генералното изборно собрание на Дипломатскиот клуб, на кое беше усвоен Извештајот за работата, како и Финансискиот извештај за изминатиот двегодишен приод. На Собранието беше избрано и новото раководство на Клубот.

    За нов претседател на Клубот беше избран амбасадорот Данчо Марковски, а за за членови на Извршниот одбор Благој Зашов, Виктор Габер, Радика Секуловска, Љупчо Арсовски, Драган Јањатов и Цветан Колчаковски. За членови на Надзорната комисија беа избрани Петко Стефановски (претседател), Никола Тодорчевски и Димитар Белчев.

  • Средба со Грчкиот амбасадор Лалакос

    Во организација на Дипломатскиот клуб – Скопје, на 6 март годинава, беше оддржана средба со амбасадорот на Република Грција во Скопје Харис Лалакос.

    Пред членоите на Дипломатскиот клуб и присутните гости амбасадорот Лалакос говореше на тема „Синдикатот во современата дипломатска служба“. Тој одделно се  осврна на нормираната заштита на правата на грчките диломати и на менталитетот на државните службеници во реализација на државната политика.

    Во расправата што следеше, членовите на Клубот ги истакнаа искуствата од нивното синдикално делување во Министерството за надворешни работи на Република Македонија, посочувајќи притоа и примери  од земјите во кои  биле деташирани.

Проекти на ДК

Дебата „Преспанскиот договор, меѓународната позиција на РМ и...“

На 20 септември 2018 година, во Министерството за надворешни работи на Република Македонија се одржа Дипломатско-академска...

Идни активности на дипломатскиот клуб-скопје

19 јуни 2018 средба со Бејли
28 јуни 2018 средба со Нато во РМ
12 септември 2018 средба со Колбер