Филтер
  • ОТВОРЕНО ОБРАЌАЊЕ ДО ЕВРОАТЛАНТСКАТА ЗАЕДНИЦА

    EX INJURIA JUS NON ORITUR / НЕПРАВОТО НЕ СОЗДАВА ПРАВО

    Синдикатот на македонската дипломатска служба (СМДС), во услови на отворена узурпација на власта по пат на противправни дејства од страна на политичката партија (ВМРО) ДПМНЕ, а со коишто едновремено се руши уставниот поредок на Република Македонија и се врши целосна блокада на институциите, бара помош од Евроатлантската заедница, покрај другото и во форма на примена на исклучително важното правило на меѓународното право: Ex injuria jus non oritur. Имено, сметаме дека овие противправни дејствија не смее да се дозволи да бидат прифатени како легитимни правни дејствија што произведуваат соодветни правни последици.

  • Соопштение по повод посетата на Доналд Туск

    Извршниот одбор на Дипломатскиот клуб на својата  денешна седница расправаше за меѓународната позиција на Република Македонија во светлината на посетата на претседателот на Европскиот совет Доналд Туск. 

  • Од активностите на Дипломатскиот Клуб - Скопје

    Во организација на Дипломатскиот клуб - Скопје, на 14 април 2016 год. во просториите на А.Д. Техонометал Вардар, се одржа средба со амбасадорот на Украина, Гончарук Jуриj. Воведното обраќање на амбасадорот беше посветено на актуелната надворешна политика на неговата земја, односите со соседите и најзначајните надворешно политички цели на Украина. Средбата, на која учествуваше и украинскиот почесен конзул во Македонија, Јовица Ѓурич, беше искористена за размена на мислења од сферата на меѓународните односи, актуелните македонско украински односи, со посебен акцент на економска соработка меѓу двете земји, состојби и перспективи.

  • Соопштение за јавноста

    ДИПЛОМАТСКИ КЛУБ
    С к о п ј е
    Република Македонија
    semel pro semper2-01 DIPLOMATIC CLUB
    S k o p j e
    Republic of Macedonia 


    Соопштение за јавноста

    Дипломатскиот   клуб   изразува   сериозна   загриженост   за   политичката криза во која се наоѓа Република Македонија, а која до изострени граници ја еродира позицијата на државата на меѓународен план.

    Донесената одлука на претседателот Ѓорге Иванов за помилување   на бројни јавни и политички личности, не само што не помогна за надминување  – туку напротив – ја продлабочува и ја заострува кризата. Таа одлука претставува чин со кој се суспендира владеењето на правото и правниот   поредок   во македонското   општество, предизвикувајќи крајно сериозни   негативни последици по угледот на државата во меѓународната јавност.

  • Соопштение на Дипломатскиот клуб

    ДИПЛОМАТСКИ КЛУБ
    С к о п ј е
    Република Македонија
    semel pro semper2-01 DIPLOMATIC CLUB
    S k o p j e
    Republic of Macedonia 

    Дипломатскиот клуб-Скопје, во соработка со амбасадите на Република Словенија, Кралството Холандија, Кралството Шведска, Катедрата за меѓународна политика и меѓународни односи на Правниот факултет Јустинијан Први  организира

    Д Е Б А Т А на тема: КРЕИРАЊЕ И (ИЛИ) РЕКОНЦЕПТУАЛИЗАЦИЈА НА ДРЖАВНА НАДВОРЕШНО - ПОЛИТИЧКА СТРАТЕГИЈА НА МАЛИ И СРЕДНИ ДРЖАВИ.

  • Дебата за „Улогата на дипломатијата во развојот на културните врски меѓу народите“

    На  22 април годинава, во Министерството за надворешни работи на Република Македонија, Дипломатскиот клуб - Скопје одржа дебата  насловена „Улогата на дипломатијата во развојот на културните врски меѓу народите“. 

    Воведничарите, амбасадорите на Хрватска, Н.Е. Златко Крамариќ и на Словачка, Н.Е. Мартин Безак, говореа за развојот на културните врски како своевидна интелектуална надградба на политичките, економските и меѓучовечките релации меѓу народите, за придонесот на дипломатијата во овој вид меѓународна соработка. 

    Во дискусијата што следеше, членовите на Дипломатскиот клуб презентираа  искуства во реализацијата на оваа дипломатска активност, како и согледувања за натамошно ефикасно афирмирање на духовните вредности на една земја во странство. Беа наведени и тешкотиите во финансирањето на овие активности преку културно-информативните центри, лекторатите за јазик, како и дилемите за ефикасно искористување на еминентни ументици како амбасадори на културата. 

    Беше заклучено дека улогата на културната дипломатија е да дисперзира естетски стратегии за идеи и идеали со филозофски и политички аргументи, кои можат да најдат своја почва во странство.

Проекти на ДК

Дебата „Преспанскиот договор, меѓународната позиција на РМ и...“

На 20 септември 2018 година, во Министерството за надворешни работи на Република Македонија се одржа Дипломатско-академска...

Идни активности на дипломатскиот клуб-скопје

19 јуни 2018 средба со Бејли
28 јуни 2018 средба со Нато во РМ
12 септември 2018 средба со Колбер