Филтер
  • Форум за надворешна политика

    Дипломатскиот клуб од Скопје денес беше организатор на втората дебата во рамките на Форумот за надворешна политика. Темата беше: „Дипломатијата и надворешната политика на Република Македонија". Станува збор на серија од пет дебати за надворешната политика на Република Македонија организирани од невладините организации Фридрих Еберт и Прогрес, а поединечни организатори на одделните сесии беа: Универзитетот на ЈИЕ (24.5.2017) и Дипломатскиот клуб од Скопје (21.6.2017). Наесен ќе бидат организирани уште три сесии од кои една на Американскиот колеџ и две на УКИМ (Правниот и Филозофскиот факултет).

  • Дипломатскиот клуб организира традиционалн „дипломатски ручек“

    Дипломатскиот клуб-Скопје, пред почетокот на летните годишни одмори, во скопскиот ресторан „Џино“ го организираа традиционалн „дипломатски ручек“, кој, како што може да се види од фотографиите, помина во пријатно расположение и опуштена другарска атмосфера“.

  • Средба на Дипломатскиот клуб со поранешниот претседател на Хрватска Иво Јосиповиќ

    Раководството на Дипломатскиот клуб од Скопје вчера во Скопје имаа средба со Иво Јосиповиќ, поранешниот претседател на Хрватска. За време на двочасовниот разговор искусните дипломати од Македонија со гостинот од Хрватска разговараа за случувањата во двете земји, во регионот и за проблемот со Грција за името. Организатор на оваа средба беше здружението од Шибеник Македонско-хрватска тангента.

  • Улогата на претседателот киро глигоров во меѓународното етаблирање на република македонија

    Во услови кога Државата покажува неразбирање, па дури и омаловажување на сопствената историја, Дипломатскиот клуб се одлучи, без глорификација или идолатрија од кој и да е вид, да ја организира оваа научно- дипломатска конференција со цел да се направи осврт на улогата на првиот Претседател на самостојна Македонија во функција на разбирање на конкретните избори направени во конкретен контекст.

  • Покана за промоција

  • Активност: Тркалезна маса - „Јавната дипломатија, корисна алатка во работата на дипломатиите на малите држави или не“

    ДИПЛОМАТСКИ КЛУБ
    С к о п ј е
    Република Македонија
    semel pro semper2-01 DIPLOMATIC CLUB
    S k o p j e
    Republic of Macedonia 

    Документ за превземање: ТРКАЛЕЗНА МАСА: „ЈАВНАТА ДИПЛОМАТИЈА, КОРИСНА АЛАТКА ВО РАБОТАТА НА ДИПЛОМАТИИТЕ НА МАЛИТЕ ДРЖАВИ ИЛИ НЕ"

    РЕЗИМЕ НА АКТИВНОСТ

    ТРКАЛЕЗНА МАСА: ЈАВНАТА ДИПЛОМАТИЈА, КОРИСНА АЛАТКА ВО РАБОТАТА НА ДИПЛОМАТИИТЕ НА МАЛИТЕ ДРЖАВИ ИЛИ НЕ“

    Место: Правен факултет – Јустинијан Први, Скопје, 26 мај 2016

    Трибината на Дипломатскиот клуб беше организирана во соработка со Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Одделот за политички студии (Дипломатија и меѓународни односи).

    Изборот на темата беше заснован на нејзината актуелност во работата на современите дипломатии, значењето што таа го има во меѓународните интеграциони процеси и во градењето на угледот на државата во меѓународната заедница, предизвици пред кои е исправена македонската дипломатија.

    Основната цел на трибината беше споделување на хрватското и словачкото искуство во примената на јавната дипломатија низ процесот на нивното меѓународно етаблирање како самостојни држави, и, во тоа светло, дали постои неопходност од примена на дипломатски гамбит во промовирањето на новото лице на Република Македонија од страна на нејзината дипломатска служба, или евентуално, кои би биле алтернативите.

  • Излагање на Aмбасадорот на Француската Република

    г-ѓата Лоренс Оер,

     -Министерство за надворешни работи, 13 јуни 2013-

    Амбасадорот на Француската Република во Република Македонија г-ѓа Лоренс Оер, пред членовите на Дипломатскиот клуб говореше на тема „Дипломатските вештини на портпаролот на Министерството за надворешни работи“.

  • Средба со амбасадорот на Француската Република Н.Е. Лоренс ОЕР (Laurence Auer)

    Во организација на „Дипломотскиот клуб“, на 13 јуни 2013 година (четврток), во 16 часот, во салата на МНР (ул. „Филип Втори Македонски“), во Скопје, Амбасадорот на Француската Република, Н.Е., г-ѓата Лоренс Оер ќе зборува на тема „МЕСТОТО, УЛОГАТА И КОМПАТИБИЛНОСТА НА ЈАВНАТА ДИПЛОМАТИЈЈА ВО СОВРЕМЕНИТЕ ДИПЛОМАТСКИ СЕРВИЦИ“.

  • Словенечкиот амбасадор гостин на Дипломатскиот клуб

    На 17 мај 2012 година, во организација на „Дипломатскиотклуб“, амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, Н.Е. АленБрајан Бергант  ја отвори трибинаta на тема „Република Словенија иЈугоисточна Европа“. 

      

Проекти на ДК

Дебата „Преспанскиот договор, меѓународната позиција на РМ и...“

На 20 септември 2018 година, во Министерството за надворешни работи на Република Македонија се одржа Дипломатско-академска...

Идни активности на дипломатскиот клуб-скопје

19 јуни 2018 средба со Бејли
28 јуни 2018 средба со Нато во РМ
12 септември 2018 средба со Колбер