08
Фев 12

Амбасадорот на Германија во Република Македонија, Н.Е. г-ѓа Урлике Мариа Кноц пред членовите на „Дипломатскиот клуб“ и во присуство на медиумите, на 2 декември 2010 година зборуваше на тема „Меѓународно - правните и дипломатските консекценци од обединувањето на Германија“. Во нејзиното излагање беа анализирани државно - правните и дипломатските постапки при еден значаен момент во историјата на еден народ, како и улогата на политичкиот фактор во процесот на обединување на Германија.

Во дискусијата која притоа се водеше, беа третирани и економските аспекти на обединувањето на Германија, земја која е најзначаен надворешно - трговски партнер на Република Македонија.

Проекти на ДК

Дебата „Преспанскиот договор, меѓународната позиција на РМ и...“

На 20 септември 2018 година, во Министерството за надворешни работи на Република Македонија се одржа Дипломатско-академска...

Идни активности на дипломатскиот клуб-скопје

19 јуни 2018 средба со Бејли
28 јуни 2018 средба со Нато во РМ
12 септември 2018 средба со Колбер