21
Сеп 18

На 20 септември 2018 година, во Министерството за надворешни работи на Република Македонија се одржа Дипломатско-академска дебата на тема „Преспанскиот договор, меѓународната позиција на РМ и...“ во организација на Дипломатскиот клуб и Министерството за надворешни работи на Република Македонија. Целта на оваа дебата беше насочена кон анализа на импликациите од Договорот во однос на неколку аспекти, како името, идентитетот и ризиците, психолошките бариери на двете страни, митовите во политиката, формирањето на националните митови, меѓународните договори како и индивидуалните човекови права.

Повеќе: Дебата „Преспанскиот договор, меѓународната позиција на РМ и...“

09
Јан 20

На 17 декември 2019 година во амфитеатарот на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија беше промовирана најновата, петта по ред, книга на членот на Дипломатскиот клуб - Скопје Драган Јањатов, во издание на Издавачката куќа „Дијалог“ од Скопје.

Повеќе: Промовирана книгата „Постсоветски меридијани“ на Драган Јањатов

28
Апр 20

Извршниот одбор на Дипломатскиот клуб – Скопје, во име на своите членови, им ја изразува својата поддршка и благодарност на македонските дипломати кои во овие тешки моменти на светска здравствена криза, професионално и пожртвувано го даваат својот придонес во борбата за надминување на последиците од пандемијата. Дипломатите на Република Северна Македонија во странство и во МНР со своите напори придонесуваат за што поефикасно делување на најистурените борци против корона вирусот - медицинскиот персонал, како и на полицијата и армијата на нашата држава.

Делувајки во земјите на нивната акредитација и со странските претставници во нашата земја, нашите дипломати даваат свој драгоцен придонес за заштита на здравјето и животите на граѓаните и за стабилизација на здравстениот систем на нашата држава во услови кога и нивното здравје и здравјето на нивните семејства се во сериозна опасност.

Како дипломатија на мала земја, со ограничени материјални и човечки ресурси за покривање на сите возможни состојби, го поздравуваме досегашен труд и постигнатите успеси на македонските дипломати за информирање и репатријација на над 3000 македонски граѓани низ светот и координација на странската помош. Тоа е доказ за нивната висока професионалност и за нивниот искрен патриотизам.

Драги колеги, свесни за тешкотиите со кои се соочувате, уверени сме дека достојно ја извршувате својата државничка функција во исклучителни услови на пандемија и на нашиот празник - денот кога пред 51 година е основан првиот државен орган за надворешни работи во Македонија.

Нека ни е честит Денот на македонската дипломатија 29 април!

Скопје 28 април 2020
Извршен одбор на Дипломатски клуб – Скопје

20
Сеп 20


Денес, амбасадорот на Република Италија во Скопје, Н.Е. Карло Ромео, во името на италијанскиот претседател Серџо Матарела, му го врачи одликувањето „Ѕвезда на Италија“ на амбасадорот Виктор Габер, претседателот на Дипломатскиот клуб.

Повеќе: СООПШТЕНИЕ за медиумите

11
Нов 20

ДИПЛОМАТСКИ КЛУБ

С к о п ј е

Република Македонија

 

 DIPLOMATIC CLUB

S k o p j e

Republic of Macedonia

Бр. 64/20

Скопје, 11.11.2020

С О О П Ш Т Е Н И Е

за медиумите

Почина нашиот Ахил Тунтев

 

            Членовите на Диопломатскиот клуб денес се разделуваат од Ахил - нашиот член, долгогодишниот дипломат и новинар, колега, пријател, висперен аналитичар и еден од основоположниците на органите за односи со странство на Македонија.

Повеќе: Почина нашиот Ахил Тунтев

Страница 1 од 5

Проекти на ДК

Дебата „Преспанскиот договор, меѓународната позиција на РМ и...“

На 20 септември 2018 година, во Министерството за надворешни работи на Република Македонија се одржа Дипломатско-академска...

Идни активности на дипломатскиот клуб-скопје

19 јуни 2018 средба со Бејли
28 јуни 2018 средба со Нато во РМ
12 септември 2018 средба со Колбер