Дипломатскиот клуб – Скопје и Факултетот за безбедност при УСКО од Скопје, 20.02.2019 год беа организатори на Научно-стручна конференција на тема „Перспективите и предизвиците на македонското членство во НАТО“. Воведни излагања имаа Заменичката на преседателот на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шеќеринска, Националниот координатор на РМ за членство во НАТО, Стево Пендаровски и Шефот на Канцеларијата на НАТО за врски, Зоран Јанковиќ.
Повеќе: Научно-стручна коференција „Перспективите и предизвиците на македонското членство во НАТО“
По повод устоличувањето на новиот јапонски император Наровхито, членови на Дипломатскиот клуб се запишаа во книгата отворена во јапонската Aмбасада во Скопје. Ова е уште една активност на Клубот во рамките на одржувањето блиски контакти со колегите, странски дипломати, во Скопје.Од јапонската Амбасадорка бевме известени дека новоизбраниот претседател Стево Пендаровски ќе биде поканет да присуствуваат на официјалната инаугурација во Јапонија која ќе биде организирана наесен.
Повеќе: Устоличувањето на новиот јапонски император Наровхито
Новата книга на членот на Дипломатскиот клуб, амбасадоротДанчо Марковски е прво дело од овој вид во Република Северна Македонија, ацелосно ја покрива материјата на дипломатскиот протокол, етикецијата икореспонденцијата.
Промоцијата на ова значајно дело се одржа на 27 јуни 2019 година во Министерствотоза надворешни работи, а беше организирана од страна на Универзитетот Американколеџ Скопје (УАКС), во соработка со Министерството за надворешни работи иДипломатскиот Клуб - Скопје.
Во серијата на размени на мислења и излагања на шефови на странски дипломатски мисии во Скопје за надворешната политика и дипломатијата со членовите на Дипломатскиот клуб, на 4 април 2019 година во Министерството за надворешни работи се одржа средба со амбасадорот на Република Бугарија Н.Е. Ангел Ангелов.
Повеќе: Размена на мислења со амбасадорот на Бугарија Ангел Ангелов
Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски на 24 септенври 2019 година прими делегација на здружението наактивни или поранешни дипломати „Дипломатски клуб“ одСкопје. Тој ги запозна членовите на Клубот со актуелнитенадворешно-политички активности и со очекуваниот развој во процесот наинтегрирњето на земјата во НАТО и во ЕУ.
Повеќе: Прием и размена на мнислења со Претседателот Стево Пендаровски