21
Окт 19

Членовите на Дипломатскиот клуб Скопје, по повод заклучокот на Европскиот Совет да го одложи одредувањето датум за започнување преговори на Република Северна Македонија за влез во Унијата, го  изразуваат нивното незадоволство, но истовремено и протест против донесената одлука.

Со оваа политичка одлука на нашите граѓани и на државата им е нанесена тешка неправда, по нивната тридецениска плебисцитарна определба за влез во ЕУ и тешките реформи и компромиси за адаптација на македонското општество и исполнување на критериумите за почеток на преговори за таква интеграција. Исклучително позитивните оценки за тие наши напори на огромното мнозинство на членките на Европскиот Совет, а особено заедничкото писмо на европската четворка Лајен, Туск, Јункер и Сасоли, е потврда дека блокадата од една земја членка е сам по себе политички и дипломатски парадокс и нејзина изолација од страна на мнозинството во тој Совет.

Повеќе: Соопштение на дипломатски клуб скопје по повод одлуката на европскиот совет за почеток на...

15
Нов 19

На 24. октомври 2019 година, во Домот на АРМ во Скопје, колегата Перун Јоргакиевски учествуваше на Научната конференција „Периодот пред нас – време на безбедносни предизвици и неопходни чекори“, организирана од Асоцијацијата за здруженија од безбедноста, одбраната и меѓународните односи.

Повеќе: Излагање на дипломатот Перун Јоргакиевски за новата геостратегиска и геополитичка реалност

01
Дек 19

По добиената информација за видео настапот на амбасадорот на Израел во Република Северна Македонија, Н. Е. Дан Ориан на комеморативната манифестацијата по повод 81- годишнина од нацистичката „Кристална ноќ“ во Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје, Извршниот одбор на Дипломатскиот клуб – Скопје го издава следното

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Дипломатскиот статус и настапите на секој странски претставник подразбираат активности согласно нормите на Виенската Конвенцијата за дипломатски односи од 1963 година, кои што сметаме дека амбасадорот Ориан ги пречекорил во своето излагање на 9 ноември 2019 година, искажувајќи неприфатливи и тенденциозни ставови и мислења за односите и состојбите во одделни субјекти во Република Северна Македонија.

Повеќе: Соопштение за јавност

23
Дек 19

Во организација на Дипломатскиот клуб – Скопје и Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, денес, на 11 Декември 2019, во Министерството за надворешни работи се одржа Конференција „50 години македонска дипломатија”.На конференцијата воведно обраќање  имаа министерот за надворешни работи, Никола Димитров, претседателот на Дипломатскиот клуб, амбасадорот  Виктор Габер и амбасадорот на Република  Словенија во Република Северна Македонија, Милан Јазбец.

Повеќе: Конференција, 50 години македонска дипломатија

24
Мај 18

Дипломаткиот клуб, кој во мај 2017 година, по повод 100-тата годишнина од раѓањето на првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров, беше иницијатор за одржаната научна конференција „Улогата на Киро Глигоров во меѓународното етаблирање на Република Македонија“, во соработка со Македонската академија на науките и уметностите ја подготви и издаде книгата - Зборник „За и од Киро Глигоров“.

Повеќе: Промицијата на книгата - Зборник „За и од Киро Глигоров“

Проекти на ДК

Дебата „Преспанскиот договор, меѓународната позиција на РМ и...“

На 20 септември 2018 година, во Министерството за надворешни работи на Република Македонија се одржа Дипломатско-академска...

Идни активности на дипломатскиот клуб-скопје

19 јуни 2018 средба со Бејли
28 јуни 2018 средба со Нато во РМ
12 септември 2018 средба со Колбер