Извршниот одбор на Дипломатскиот клуб – Скопје расправајќи за актуелните прашања од надворешната политика и дипломатијата на Република Македонија, констатира дека постои блокада во професионалниот развој на дипломатската структура како во Министерството за надворешни работи, така и во несоодветното претставување на земјата во странство.
Евидентно е дека заради блокадата за неименување на шефови на Диломатско-конзулрните претставништва на Република Македонија во странство од страна на претседателот Ѓорге Иванов, несоодветно се претствуваат, афирмираат и бранат интересите на Република Македонија. Ова е особено индикативно кога треба максимално да се вложат напори за финализирање на интегрирањето на државата во европските и евроатланските структури.
Дипломатско искуство и практика е дека пренесувањето на инструкциите од МНР до највисоките нивоа на креаторите на надворешната политика во секоја држава е најефикасно кога се пренесуваат од страна на акредитираните амбасадори. Актуелно празни се 20 позиции на амбасадори на Република Македонија во странство заради неноминирање на амбасадори од страна на претседателот Иванов и покрај серијата предлози што до него ги има доставено Владата на РМ.
Н.Е. амбасадорот на Соединетите држави на Америка во Република Македониија, Џес Бејли беше гостин-воведничар во Дипломатскиот клуб. Средбата се одржа во МНР на РМ на 19 јуни 2018 година.
Амбасадорот Бејли пред македонските дипломати зборуваше за имплементацијата на националните интереси на САД во надворешната политика. Во дискусијата беа разгледани и ангажманите на САД и Европската унија во регионот на Југоисточна Европа и нивната меѓусебна координација.
По повод најавената спогодбата меѓу владите на Република Македонија и Република Грција за надминување на деценискиот спор за името на нашата држава, Дипломатскиот клуб смета дека тоа е настан без преседан во историјата на македонската дипоматија и ја поздравува постигнатата согласност.
Повеќе: Дипломатскиот клуб – Скопје за спогодбата Заев-Ципрас
Во организација на Министерството за надворешни работи на Република Македонија и на Дипломатскиот клуб – Скопје, на 6 октомври се одржа традиционалниот Дипломатски тениски турнир по повод државниот празник „11 октомври“. Оваа година, коорганизатор и спонзор на турнирот беше Францускиот културен центар во Скопје.
Во куќата на Македонската академија на науките и уметностите „Уранија“ во Охрид, на 30 септември 2018 година се одржа промоцијата на Зборникот „За и од Киро Глигоров“, а по повод и 25-тата годишнина од приемот на Република Македонија во Обединетите нации.
Повеќе: Дипломатскиот клуб и ману го промовираа зборникот „ЗА И ОД КИРО ГЛИГОРОВ“ во Охрид