Филтер
  • Покана за промоција на книга „Современи дипломатски методи и нивната примена во македонската дипломатија“

    ФОНДАЦИЈАТА ФРИДРИХ ЕБЕРТ ВО СОРАБОТКА СО ДИПЛОМАТСКИОТ КЛУБ ИМИНИСТЕРСТВОТО ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ

    Има чест да Ве покани на промоција на книгата:

    „Современи дипломатски методи и нивната примена во македонската дипломатија“

    од амбасадорот д-р Данчо Марковски

    Промотори: Проф. д-р Милан Јазбец, амбасадор на Република Словенија, и Данијела Баришиќ, амбасадор на Република Хрватска

    Место: Министерството за надворешни работи - амфитеатар

    Датум: 28 септември 2017, во 11.00 часот

    Обезбеден превод на англиски јазик

    Коктел

    ПОКАНА

    Македонски / English

  • Соопштение за медиумите

    Економската соработка
    на Република Македонија со соседите


    Скопје, 5. 9. 2017 година

    Соопштение за медиумите

    На 5 септември 2017 година, на Универзитетот Американ колеџ во Скопје се одржа третата дискусија во рамките на Форумот за надворешна политика, на тема „Економската соработка на Република Македонија со соседите“.

  • Дипломатски Клуб - Скопје. Носител на проектот за депортација на евреите од Македонија

    Дипломатскиот клуб – Скопје, како носител, во соработка со Институтот за национална историја од Скопје и Фондот за холокаустот на Евреите од Македонија – Меморијален центар – Скопје, пред Меѓународната алијанса за истражување на холокаустот од Берлин, пријави проект на тема „Дипломатските ‘игри‘ околу депортацијата на Евреите од Македонија“.

    По комллетирањето на целокупната документација, Меѓународната Алијанса донесе одлука за поддршка на проектот.

    За реализација на проектот, Истражувачите од ИНИ и од Меморијалниот центар, е предвидено да вршат архивски и библиотечни истражувања во земјата и во странство (Белград, Софија, Берлин, Рим, Мадрид...). Како што е предвидено со  проектот резултатите од истражувањата треба да бидат презентирани на семинари и конференции пред дипломати, историчари и експерти за холокаустот на Евреите, а како финален производ да биде објавена публикација за дипломатските активности околу депортацијата на Евреите од Македонија.

  • Реакција

    Почитувани уредници,

    Се извинуваме за грешката при доставувањето на претходната  Реакција, кога го доставивме само нацртот на Реакцијата, а не и дефинитивниот текст. Повелете, примете го точниот текст.

    Дипломатски клуб - Скопје

     

    Р Е А К Ц И Ј А

    на Дипломатскиот клуб – Скопје за
    начинот на именување на шефови на ДКП на Р.Македонија

     

     

                Членовите на Дипломатскиот клуб – Скопје, на 3 и 17 септември 2013 година расправаа за објавениот Оглас на Владата на Република Македонија од 15 мај 2013 година за пополнување на дипломатски места амбасадори и генерални конзули на Р. Македонија (т. 35 и т. 36), за начинот на неговото спроведување и одлуките по овој Оглас. Иако, досега се обзнанени само три одлуки од објавените 18-те амбасадорски позиции и 3-те за генерални конзули, а врз основа на објавените имиња за можни кадровски решенија за другите позиции во средствата за информирање, сметаме дека:

Проекти на ДК

Дебата „Преспанскиот договор, меѓународната позиција на РМ и...“

На 20 септември 2018 година, во Министерството за надворешни работи на Република Македонија се одржа Дипломатско-академска...

Идни активности на дипломатскиот клуб-скопје

19 јуни 2018 средба со Бејли
28 јуни 2018 средба со Нато во РМ
12 септември 2018 средба со Колбер