Филтер
  • Излезе третиот број на списанието „Дипломатски летопис“

    semel pro semper2-01

    Деновиве од печат излезе третиот број на списаниетпо „Дипломатски летопис“, што го издава Дипломатскиот клуб-Скопје. Тематски овој број е фокусиран на пренесувањето на сознанијата и искуствата на некои поранешни и актуелни македонски дипломати и интелектуалци за одвивањето на процесот на меѓународното признавање на Република Македонија и заземањето на нејзиното заслужено место во светот, како суверен, мирољубив фактор кој активно придонесува за регионална и европска безбедност и соработка, во сенката на ирационалниот процес на оспорувањто на нејзиното уставно име. Во тој контекст е и портретот во списанието на поранешниот министер за надворешни работи на Република Македонија, Стево Црвенковски.

  • Покана на Научна конференција

    semel pro semper2-01

    Дипломатскиот клуб – Скопје со поддршка од Македонската академија на науките и уметностите има чест да Ве покани на Научна конференција

    УЛОГАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ КИРО ГЛИГОРОВ ВО МЕЃУНАРОДНОТО ЕТАБЛИРАЊЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
    (по повод 100 години од раѓањето на Киро Глигоров, првиот претседател на Република Македонија)

  • Tрибина: „Креирање и реконцептуализација на државна надворешно - политичка стратегија на мали и средни држави“ Клуб „ГЕМ“,

    Основниот акцент на трибината беше ставен на согледување на надворешно- политичките перспективи на Република Македонија од аспект на малите и средни земји во услови на актуелните случувања во меѓународниот свет предизвикани со рекомпонирањето на односите помеѓу големите сили, вклучувајќи ги и состојбите во Европската унија и појавата на популистичко- националистичките идеологии, посебно на просторите на балканските земји. Притоа, клучно беше да се споделат искуствата со Словенија, Холандија и Шведска како членки на ЕУ, но, од друга страна блиски со Македонија по определени аспекти на нивната специфична меѓународна положба. Од таа перспектива, клучно беше согледувањето на процесот на креирање национална стратегија и спроведување на нејзините цели во билатералните и мултилатералните односи на нивните држави.

  • Реакција на Дипломатскиот Клуб - Скопје по повод навредите на амбасадорот на Кралството Холандија г-ѓата Маријет Штурман

    Р Е А К Ц И Ј А

     

    на Дипломатскиот клуб – Скопје
    по повод навредите на амбасадорот на Кралството Холандија
    г-ѓата Маријет Штурман

     

              Членовите на Дипломатскиот клуб – Скопје го искажуваат своето жалење и огорченост за навредите упатени на амбасадорот на Кралството Холандија, Н.Е. г-ѓата Маријет Штурман во емисја на ТВ Сител. Недоличниот речник на двајцата учесници во таа емисија јасно го покажува нивното ниско културо ниво и им нанесува штета на државните интереси на Република Македонија. Кралството Холандија е еден од најзначајните и долгорочни поддржувачи на Република Македонија во реализација на нејзините старатешки определби на надворешен план, а со конкретните финансиски поддршки и најголем поединечен донатор на нашата држава.

  • Следни панел дискусии во Дипламатскиот клуб

    • На 17 мај 2012, пред членовите на дипломатскиот клуб  и гостите, воведничар за темата „Континуираниот интерес на Словенија за соработка со земјите од Југоисточна Европа“ ќе биде амбасадорот на Република Словенија, Н.Е. Ален Брајан Бергант.
    • На 7 јуни 2012, амбасадорот на Австрија, Н.Е. Томас Мајкл Бајер ќе зборува за „Австрија и Југозападна Европа“.

    Најавените панел дискусии, кои се отворени за јавноста, ќе се одржат во салата на 3-от кат во зградата на „Технометал-Вардар“.

  • Следни панел дискусии во Дипламатскиот клуб

    • На 17 мај 2012, пред членовите на дипломатскиот клуб  и гостите, воведничар за темата „Континуираниот интерес на Словенија за соработка со земјите од Југоисточна Европа“ ќе биде амбасадорот на Република Словенија, Н.Е. Ален Брајан Бергант.
    • На 7 јуни 2012, амбасадорот на Австрија, Н.Е. Томас Мајкл Бајер ќе зборува за „Австрија и Југозападна Европа“.

    Најавените панел дискусии, кои се отворени за јавноста, ќе се одржат во салата на 3-от кат во зградата на „Технометал-Вардар“.

Проекти на ДК

Дебата „Преспанскиот договор, меѓународната позиција на РМ и...“

На 20 септември 2018 година, во Министерството за надворешни работи на Република Македонија се одржа Дипломатско-академска...

Идни активности на дипломатскиот клуб-скопје

19 јуни 2018 средба со Бејли
28 јуни 2018 средба со Нато во РМ
12 септември 2018 средба со Колбер