Артикли

Филтер
  • Покана за промоција

  • Тркалезна маса на тема „Европска унија, предизвици и перспективи“

    Дипломатскиот клуб-Скопје, во соработка со Правниот факултет “Јустинијан Први”, на 06 декември 2016 година, на Правниот факултет, одржа Тркалезна маса на тема: “Европската Унија, предизвици и перспективи”, на која учествуваа Проф. Д-р Татјана Петрушевска и Н.Е. Мартин Безак, амбасадор на Република Словачка во Република Македонија. Модератор на настанот беше претседателот на Клубот, амбасадорот Данчо Марковски. На Трибината присуствуваат членови на Дипломатскиот клуб, како и студенти од Правниот факултет, кои поставија интересни прашања до амбасадорот Безак.

    Во излагањата, како и во прашањата и дискусиите, тема беа актуелните случувања, настани и состојби со кои се соочува оваа, по многу нешта единствена меѓународна заедница. Брегзит, појавата на евроскептицизмот кај одредени земји членки на Унијата, како и поедини повици за запирање на процесот на проширување, можното редефинирање на односите со САД кон Европа, изборите во Австрија, референдумот во Италија, настани, што несомнено ќе имаат важна улога во идната архитектура на меѓународната заедница. Неизбежно, но и натаму отвортено, останува и прашањето за брановите бегалци, тактизирањето за квотите и различните видови помош, различните позиции на земјите членки во однос на ова прашање, но и обидите за изнаоѓање решенија.