Артикли

Филтер
  • Промоција на зборникот „Дипломатијата и депортацијата на Македонските евреи“

    На 8 март 2017 година, во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје беше промовиран Зборникот на трудови од Меѓународната научна конференција која под тој наслов се одржа во 2015, а во организација на Дипломатскиот клуб - Скопје. Коорганизатори на оваа Конференција беа Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и Институтот за национална историја. Оваа Конференција беше дел од проектот „Дипломатските ‘игри‘ околу депортацијата на Евреите од Македонија во 1943“, кофинансиран и од Меѓународната асицијација за сеќавање на холокаустот од Берлин (IHRA).