Создадено на Понеделник, 22 Мај 2017 14:36

Деновиве од печат излезе третиот број на списаниетпо „Дипломатски летопис“, што го издава Дипломатскиот клуб-Скопје. Тематски овој број е фокусиран на пренесувањето на сознанијата и искуствата на некои поранешни и актуелни македонски дипломати и интелектуалци за одвивањето на процесот на меѓународното признавање на Република Македонија и заземањето на нејзиното заслужено место во светот, како суверен, мирољубив фактор кој активно придонесува за регионална и европска безбедност и соработка, во сенката на ирационалниот процес на оспорувањто на нејзиното уставно име. Во тој контекст е и портретот во списанието на поранешниот министер за надворешни работи на Република Македонија, Стево Црвенковски.