Создадено на Вторник, 30 Мај 2017 07:53

Раководството на Дипломатскиот клуб од Скопје вчера во Скопје имаа средба со Иво Јосиповиќ, поранешниот претседател на Хрватска. За време на двочасовниот разговор искусните дипломати од Македонија со гостинот од Хрватска разговараа за случувањата во двете земји, во регионот и за проблемот со Грција за името. Организатор на оваа средба беше здружението од Шибеник Македонско-хрватска тангента.