Овој клуб како невладина организација постои осум години и во него членуваат дипломати од кариера кои работат во Министерството за надворешни работи или кои се во пензија, а кои со децении професионално се определиле за дипломатијата. Во изминатиот период, основната дејност и ангажирање на Клубот беа да организира средби, разговори, конференции, тркалезни маси и друг вид на активности поврзани со македонската дипломатија и надворешната политика на Република Македонија. Клубот го издава списанието „Дипломатски летопис“. Членови на клубот во јавноста на Република Македонија се појавија со сетија на свои дела од оваа област.
На Генералното собрание, делегатите му се заблагодарија за досегашниоот успешен ангажман на претседателот, амбасадорот Данчо Марковски, избраа нов Извршен и Надзоен одбор, а за нов претседател на Клубот беше избран амбасадорот Виктор Габер.
Дипломатски Летопис бр. 12
Дипломатски Летопис бр. 11
Дипломатски Летопис бр. 10
Дипломатски Летопис бр. 9
Дипломатски Летопис бр. 8
Дипломатски Летопис бр. 7
Дипломатски Летопис бр. 6
Дипломатски Летопис бр. 5
Дипломатски Летопис бр. 4
Дипломатски Летопис бр. 3
Дипломатски Летопис бр. 2
Дипломатски Летопис бр. 1
Дипломатскиот клуб во својата основна активност има за цел остварување на поширокиот интерес на државата Република Македонија за примена на традиционалните меѓународни обичаи за непосредна комуникација на дипломатите од различни држави.
+389-70 358-393
Доколку сакате да дознаете повеќе за нашиот клуб или пак за нашите активности претплатете се на нашиот меил билтен