01
Дек 22

На покана на Сојузот на ветераните, на 29 ноември 2022 година членот на Дипломатскиот клуб – Скопје Виктор Габер одржа предавање на тема „Македонската дипломатија во современите збиднувања во светот.“ На овој настан земаа учество членови на Асоцијацијата на граѓански здруженија во одбраната, безбедноста и меѓународните односи, во која членува и Дипломатскиот клуб – Скопје.

Во своето излагање Габер ги изнесе основните поставки на делување на дипломатијата на Северна Македонија во изминатите три децении. Тој особено се задржа на најактуелните преземања на државата на меѓународен план во процесот на приклучување кон Европската унија, претседавањето со ОБСЕ, како и поставувањето на дипломатијата во текот на актуелната криза со агресијата на Руската федерација во Украина во време на актуелна енергетска и економска криза во светот.

По опстојната дискусија и одговорите кои беа дадени на поставените прашања, членот на Клубот и претседател на Управниот одбор на Сојузот на филателисти на Македонија, Димитар Белчев на присутните им го претстави проектот за издавање на поштенски коверти со ликовите на народните херои од НОБ од Македонија.

Проекти на ДК

Панел - дискусија на 27 април 2023 - „РЕГИОНАЛНИТЕ ИНИЦИЈАТИВИ И ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА“

По повод Денот на македонската дипломатија 29 април, Дипломатскиот клуб – Скопје и Американскиот универзитетски...

Средба на членови на Дипломатскиот клуб во Сојузот на филателисти на Македонија

На 23 декември 2022, во 12 часот во просториите на Сојузот на филателисти на Македонија (ул. „Димитрија Чуповски“...

Дебата „Преспанскиот договор, меѓународната позиција на РМ и...“

На 20 септември 2018 година, во Министерството за надворешни работи на Република Македонија се одржа Дипломатско-академска...

Идни активности на дипломатскиот клуб-скопје

19 јуни 2018 средба со Бејли
28 јуни 2018 средба со Нато во РМ
12 септември 2018 средба со Колбер