LOADING
https://diplomatskiklub.org.mk/modules/mod_image_show_gk4/cache/joomla_logo_blackgk-is-157.jpg
https://diplomatskiklub.org.mk/modules/mod_image_show_gk4/cache/joomla_logo_blackgk-is-157.jpg
https://diplomatskiklub.org.mk/modules/mod_image_show_gk4/cache/baily-diplomatski-klub-1gk-is-157.jpg
https://diplomatskiklub.org.mk/modules/mod_image_show_gk4/cache/logo-diplomati-malogk-is-157.jpg
https://diplomatskiklub.org.mk/modules/mod_image_show_gk4/cache/manu 13-mingk-is-157.jpg
https://diplomatskiklub.org.mk/modules/mod_image_show_gk4/cache/tenis-turnir-3gk-is-157.jpg
https://diplomatskiklub.org.mk/modules/mod_image_show_gk4/cache/diplomatski_letopisgk-is-157.jpg

Најнови Вести

  • ДА ГО НАДОГРАДИМЕ ГОЛЕМОТ...
  • ПОЧИНА УФЕ ЈЕНСЕН - ГОЛЕМ...
  • Џес Бејли гостин-воведнич...
  • Дипломатскиот клуб – Скоп...
  • Промицијата на книгата - ...
  • Успешно одржан тенискиот ...
  • Излезе четвртиот број на ...

ДА ГО НАДОГРАДИМЕ ГОЛЕМОТ ИСЧЕКОР КОН ЕУ

Извршниот одбор на Дипломатскиот клуб го поздравува вчерашното отворање на пристапните преговори за членство на

Повеќе...

ПОЧИНА УФЕ ЈЕНСЕН - ГОЛЕМИОТ ПРИЈАТЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

Вчера, во Копенхаген, почина Уфе Елеман Јенсен, еден од најистакнатите политичари на Кралството Данска, долгогодишен

Повеќе...

Џес Бејли гостин-воведничар во Дипломатскиот Клуб

Н.Е. амбасадорот на Соединетите држави на Америка во Република Македониија, Џес Бејли беше гостин-воведничар во

Повеќе...

Дипломатскиот клуб – Скопје за спогодбата Заев-Ципрас

По повод најавената спогодбата меѓу владите на Република Македонија и Република Грција за надминување на

Повеќе...

Промицијата на книгата - Зборник „За и од Киро Глигоров“

Дипломаткиот клуб, кој во мај 2017 година, по повод 100-тата годишнина од раѓањето на првиот

Повеќе...

Успешно одржан тенискиот турнир на дипломатите и бизнисмените

Во организација на Министерството за надворешни работи, Дипломатскиот клуб и фирмата „Дајнерс Интернејшнел“, на 12

Повеќе...

Излезе четвртиот број на списанието „Дипломатски летопис“

Излезе четвртиот број на списаниетпо „Дипломатски летопис“, што го издава Дипломатскиот клуб-Скопје. Документ: Дипломатски Летопис број.

Повеќе...

Добродојдовте во Дипломатскиот клуб во Скопје!


Да, во Скопје, во главниот град на Република Македонија, град кој веќе втора деценија е домаќин на десетици дипломатски мисии на странски држави. Во Скопје, град кој има долга дипломатско конзуларна традиција од времето кога и Македонија беше во составот на Отоманската Империја, кога во него беа отворени и делуваа конзулатите на Франција, Италија, Србија, Бугарија и други. Денес, со задоволство можеме да констатираме дека во Република Македонија и во нашето Скопје се акредитирани 70 шефови на амбасади, од кои 25 се резидентни, 27 претставници на меѓународни организации и 13 почесни конзули (додека во Битола 10 и во Штип 1 почесен конзул). Воедно, во Скопје седиште имаат и две регионални организации (МАРРИ и Регионалната канцеларија на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа).


Нашиот и Ваш Дипломатски клуб си постави за цел да создаде можности за унапредување како на професионалниот, така и на социјалниот живот на дипломатите во Скопје, било тоа да се македонски актуелни и поранешни дипломати или на акредитираните странски дипломати во нашиот главен град.

Во серијата на зацртаните и веќе остварени активности Клубот организира средби и панел дискусии за теми од професионалниот интерес на дипломатите, од областа на надворешните работи, меѓународните односи и меѓународното право, како и активности поврзани со меѓународната положба во Република Македонија и афирмацијата на нејзините реалности во светот.

Сите сте добредојдени на овој сајт, но и на активностите на Клубот, независно дали сте активни членови или имате интерес за некоја од темите кои ние ги третираме или активностите кои ги организираме. Затоа, информирајте се за активностите Клубот и согласно Вашите интереси земете учество...

 

Од Извршниот одбор на Дипломатскиот клуб


25
Апр 17

Основниот акцент на трибината беше ставен на согледување на надворешно- политичките перспективи на Република Македонија од аспект на малите и средни земји во услови на актуелните случувања во меѓународниот свет предизвикани со рекомпонирањето на односите помеѓу големите сили, вклучувајќи ги и состојбите во Европската унија и појавата на популистичко- националистичките идеологии, посебно на просторите на балканските земји. Притоа, клучно беше да се споделат искуствата со Словенија, Холандија и Шведска како членки на ЕУ, но, од друга страна блиски со Македонија по определени аспекти на нивната специфична меѓународна положба. Од таа перспектива, клучно беше согледувањето на процесот на креирање национална стратегија и спроведување на нејзините цели во билатералните и мултилатералните односи на нивните држави.

 

Од македонските воведничари, пак, акцентот беше ставен од една страна на претходните искуствата на Република Македонија во концептуализацијата на надворешно- политичката стратегија (периодот 1992-1998) наспроти актуелните проблеми и предизвици, во функција на редефинирање на нејзината надворешна политика по настанатите политички промени на внатрешен план, а во корелација токму со актуелните состојби во меѓународните односи.

Како стратегија, за потребите на оваа Трибина, беше понудена следнава дефиниција: конзистентен збир од осмислени, долгорочни цели во функција на реализација на политички определби, структуиран во форма која опфаќа методи и инструменти, како и можности за оперативна разработка во акциони, временски врамени планови.

Словенечкиот амбасадор Јазбец, поаѓајќи од предноста на „малите“ земји – флексибилноста и нивната слабост – ранливоста, ја исклучи (себе)изолацијата како опција, а во функција на остварување висок степен на безбедност ги понуди активното добрососедство и единствена глобална опција – ЕУ (и НАТО). Суштината е себеизградување согласно принципите и стандардите на ЕУ, додека самото членство, иако е второстепена цел, би дошло само по себе во тој процес.

Холандскиот амабасадор Пломп го стави акцентот на заедничкиот европски пазар, што е дел од „холандскиот концепт“, како суштина не само на економска успешност туку преку тоа и на постигнувањето мир како крајна цел. Согласувајќи се дека ЕУ е вистинската опција за Македонија, ги корелираше привремениот замор од ширењето на Унијата и интегралноста на балканските држави со Европскиот концепт.

Шведскиот амбасадор Стафансон, осврнувајќи се на специфичниот развој на шведската држава што и ден денес го инкорпорира во себе концептот на (политичка) неутралност, го појасни нивното членство во ЕУ и нивното нечленство во НАТО. Следствено, се осврна на специфичните механизми за креирање и спроведување на надворешната политика на неговата земја, во такви, крајно сложени соодноси. И тој верува дека ЕУ е нецелосна без Македонија и Балканот.

Поранешниот МНР, професорот Фрчкоски, категорички оценувајќи ги состојбите во Македонија како надвор дури и од „Првата корпа“ утврдена на КЕБС во 1975 година, направи пресек и на деградацијата на македонската надворешна политика, но и на депласираната улога на нашето МНР и несоодветноста на мрежата од дипломатско- конзуларни претставништва кои се дополнително дезавуирани и со апсолутно неуспешната мрежа од тнр. „економски промотори“.

Амбасадорот Марковски се задржа на проблемите со коишто Македонија се соочува во потесното и пошироко меѓународно опкружување како контрибутор на севкупните ретроградни процеси во Македонија, со што сме ставени надворешно во „тивка изолација“ а внатрешно сме „заробена држава“. Излезот го гледа во сеопфатни зафати во функција на себеизградба како основа за партиципативна меѓународна положба и постигнување внатрешна, социјална благосостојба.

Присутните новинари искористија да ги прашаат странските панелисти за нивните оценки на актуелните политички прашања во Македонија и за истото да известат преку нивните медиуми. 

ОРГАНИЗАТОРИ: Трибината на Дипломатскиот клуб беше организирана во соработка со Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Одделот за политички студии (Дипломатија и меѓународни односи) 

ПАНЕЛИСТИ:

  • Проф. д-р Љубомир Фрчкоски, поранешен МНР;
  • Н.Е. проф.д-р Милан Јазбец, Амбасадор на Република Словенија;
  • Н.Е. В. Ваутер Пломп,  Амбасадор на Кралството Холандија;
  • Н.Е. Матс Стафансон, Амбасадор на Кралството Шведска;
  • Д-р. Данчо Марковски – Амбасадор во МНР на РМ

Модератор: Сашко Тодоровски, Ополномоштен Министер, МНР на РМ

Проекти на ДК

Дебата „Преспанскиот договор, меѓународната позиција на РМ и...“

На 20 септември 2018 година, во Министерството за надворешни работи на Република Македонија се одржа Дипломатско-академска...

Идни активности на дипломатскиот клуб-скопје

19 јуни 2018 средба со Бејли
28 јуни 2018 средба со Нато во РМ
12 септември 2018 средба со Колбер