LOADING
https://diplomatskiklub.org.mk/modules/mod_image_show_gk4/cache/baily-diplomatski-klub-1gk-is-157.jpg
https://diplomatskiklub.org.mk/modules/mod_image_show_gk4/cache/logo-diplomati-malogk-is-157.jpg
https://diplomatskiklub.org.mk/modules/mod_image_show_gk4/cache/manu 13-mingk-is-157.jpg
https://diplomatskiklub.org.mk/modules/mod_image_show_gk4/cache/tenis-turnir-3gk-is-157.jpg
https://diplomatskiklub.org.mk/modules/mod_image_show_gk4/cache/diplomatski_letopisgk-is-157.jpg
https://diplomatskiklub.org.mk/modules/mod_image_show_gk4/cache/godisno-sobranie-2018-2gk-is-157.jpg
https://diplomatskiklub.org.mk/modules/mod_image_show_gk4/cache/dsc_7163gk-is-157.jpg

Најнови Вести

  • Џес Бејли гостин-воведнич...
  • Дипломатскиот клуб – Скоп...
  • Промицијата на книгата - ...
  • Успешно одржан тенискиот ...
  • Излезе четвртиот број на ...
  • Дипломатскиот клуб од Ско...
  • Размена на мислења со пре...

Џес Бејли гостин-воведничар во Дипломатскиот Клуб

Н.Е. амбасадорот на Соединетите држави на Америка во Република Македониија, Џес Бејли беше гостин-воведничар во

Повеќе...

Дипломатскиот клуб – Скопје за спогодбата Заев-Ципрас

По повод најавената спогодбата меѓу владите на Република Македонија и Република Грција за надминување на

Повеќе...

Промицијата на книгата - Зборник „За и од Киро Глигоров“

Дипломаткиот клуб, кој во мај 2017 година, по повод 100-тата годишнина од раѓањето на првиот

Повеќе...

Успешно одржан тенискиот турнир на дипломатите и бизнисмените

Во организација на Министерството за надворешни работи, Дипломатскиот клуб и фирмата „Дајнерс Интернејшнел“, на 12

Повеќе...

Излезе четвртиот број на списанието „Дипломатски летопис“

Излезе четвртиот број на списаниетпо „Дипломатски летопис“, што го издава Дипломатскиот клуб-Скопје. Документ: Дипломатски Летопис број.

Повеќе...

Дипломатскиот клуб од Скопје на 27 март 2018 го одржа своето Годишно собрание.

Овој клуб како невладина организација постои осум години и во него членуваат дипломати од кариера

Повеќе...

Размена на мислења со претседателот на Владата, Зоран Заев

На покана од Кабинетот на Претседателот на Владата на Република Македонија, делегација на Дипломатскиот Клуб,

Повеќе...

Добродојдовте во Дипломатскиот клуб во Скопје!


Да, во Скопје, во главниот град на Република Македонија, град кој веќе втора деценија е домаќин на десетици дипломатски мисии на странски држави. Во Скопје, град кој има долга дипломатско конзуларна традиција од времето кога и Македонија беше во составот на Отоманската Империја, кога во него беа отворени и делуваа конзулатите на Франција, Италија, Србија, Бугарија и други. Денес, со задоволство можеме да констатираме дека во Република Македонија и во нашето Скопје се акредитирани 70 шефови на амбасади, од кои 25 се резидентни, 27 претставници на меѓународни организации и 13 почесни конзули (додека во Битола 10 и во Штип 1 почесен конзул). Воедно, во Скопје седиште имаат и две регионални организации (МАРРИ и Регионалната канцеларија на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа).


Нашиот и Ваш Дипломатски клуб си постави за цел да создаде можности за унапредување како на професионалниот, така и на социјалниот живот на дипломатите во Скопје, било тоа да се македонски актуелни и поранешни дипломати или на акредитираните странски дипломати во нашиот главен град.

Во серијата на зацртаните и веќе остварени активности Клубот организира средби и панел дискусии за теми од професионалниот интерес на дипломатите, од областа на надворешните работи, меѓународните односи и меѓународното право, како и активности поврзани со меѓународната положба во Република Македонија и афирмацијата на нејзините реалности во светот.

Сите сте добредојдени на овој сајт, но и на активностите на Клубот, независно дали сте активни членови или имате интерес за некоја од темите кои ние ги третираме или активностите кои ги организираме. Затоа, информирајте се за активностите Клубот и согласно Вашите интереси земете учество...

 

Од Извршниот одбор на Дипломатскиот клуб


16
Нов 17

Во поддршка на иницијативите за именување на скопскиот аеродром
со името на Киро Глигоров

Во годинава, во која се одбележува јубилејот - 100 години од раѓањето на првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров, Дипломатскиот клуб – Скопје, во континуитет, повеќе пати и на разни начини, го изрази своето почитување на неговото дело, а во мај оваа година, во МАНУ беше организатор и на научната конференција „Улогата на Киро Глигоров во меѓународното етаблирање на Република Македонија“. Во подготовка е публикацијата со излагањата на оваа Конференција и со осврти на домашни и странски истакнати личности за делото на Киро Глигоров. Поведен од одделни јавни манифестации, Извршниот одбор на Дипломатскиот клуб ја дава својата поддршка на искажаните иницијативи, во иднина, скопскиот меѓународен аеродром да го носи неговото име. Воедно, Извршниот одбор на Дипломатскиот клуб ја поддржува и иницијативата на Филателистичкиот сојуз на Македонија за издавање поштенска марка по повод 100-тата годишнина од раѓањето на претседателот Киро Глигоров.

 

Нагласуваме дека од скопскиот аеродром отпочнуваа и на него завршуваа бројните „походи“ на претседателот Глигоров во светот, неговите патувања посветени на мирот и пријателството, а за меѓународно етаблирање на македонската држава. Во негово присуство овде, за прв пат, во практика се воведени протоколарните манифестации како што се веење на државното знаме, интонирање на химната, постројување на почесната гарда, со кои пред светот Република Македонија се претстави како самостојна и независна држава. Од овој аеродром полетаа и првите авиони со македонски државни ознаки.

Со именувањето на скопскиот аеродром со името на претседателот Глигоров, на најдостоен начин ќе се материјализира оценката за неговата голема улога во процесот на создавањето на Република Македонија како современа држава - траен паметник во колективната меморија на граѓаните на Македонија.

Скопје, 10 ноември 2017
Извршен одбор на
Дипломатски клуб - Скопје

Проекти на ДК

Дебата „Преспанскиот договор, меѓународната позиција на РМ и...“

На 20 септември 2018 година, во Министерството за надворешни работи на Република Македонија се одржа Дипломатско-академска...

Идни активности на дипломатскиот клуб-скопје

19 јуни 2018 средба со Бејли
28 јуни 2018 средба со Нато во РМ
12 септември 2018 средба со Колбер