Вчера, во Копенхаген, почина Уфе Елеман Јенсен, еден од најистакнатите политичари на Кралството Данска, долгогодишен
Повеќе...Н.Е. амбасадорот на Соединетите држави на Америка во Република Македониија, Џес Бејли беше гостин-воведничар во
Повеќе...По повод најавената спогодбата меѓу владите на Република Македонија и Република Грција за надминување на
Повеќе...Дипломаткиот клуб, кој во мај 2017 година, по повод 100-тата годишнина од раѓањето на првиот
Повеќе...Во организација на Министерството за надворешни работи, Дипломатскиот клуб и фирмата „Дајнерс Интернејшнел“, на 12
Повеќе...Излезе четвртиот број на списаниетпо „Дипломатски летопис“, што го издава Дипломатскиот клуб-Скопје. Документ: Дипломатски Летопис број.
Повеќе...Добродојдовте во Дипломатскиот клуб во Скопје!
Да, во Скопје, во главниот град на Република Македонија, град кој веќе втора деценија е домаќин на десетици дипломатски мисии на странски држави. Во Скопје, град кој има долга дипломатско конзуларна традиција од времето кога и Македонија беше во составот на Отоманската Империја, кога во него беа отворени и делуваа конзулатите на Франција, Италија, Србија, Бугарија и други. Денес, со задоволство можеме да констатираме дека во Република Македонија и во нашето Скопје се акредитирани 70 шефови на амбасади, од кои 25 се резидентни, 27 претставници на меѓународни организации и 13 почесни конзули (додека во Битола 10 и во Штип 1 почесен конзул). Воедно, во Скопје седиште имаат и две регионални организации (МАРРИ и Регионалната канцеларија на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа).
Нашиот и Ваш Дипломатски клуб си постави за цел да создаде можности за унапредување како на професионалниот, така и на социјалниот живот на дипломатите во Скопје, било тоа да се македонски актуелни и поранешни дипломати или на акредитираните странски дипломати во нашиот главен град.
Во серијата на зацртаните и веќе остварени активности Клубот организира средби и панел дискусии за теми од професионалниот интерес на дипломатите, од областа на надворешните работи, меѓународните односи и меѓународното право, како и активности поврзани со меѓународната положба во Република Македонија и афирмацијата на нејзините реалности во светот.
Сите сте добредојдени на овој сајт, но и на активностите на Клубот, независно дали сте активни членови или имате интерес за некоја од темите кои ние ги третираме или активностите кои ги организираме. Затоа, информирајте се за активностите Клубот и согласно Вашите интереси земете учество...
Од Извршниот одбор на Дипломатскиот клуб
Излезе четвртиот број на списаниетпо „Дипломатски летопис“, што го издава Дипломатскиот клуб-Скопје.
Документ: Дипломатски Летопис број. 4