Создадено на Понеделник, 30 Јануари 2017 14:36

Кон крајот на минатата година од печат излезе вториот број на списанието „Дипломатски летопис“ во издание на Дипломатскиот клуб-Скопје, тематски посветен на 25 годишнината од осамостојувањето на Македонија. Поврзано со овој јубилеј, како и со навршувањето 5 години од заминувањето на првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров во рубриката „галерија“ се објавени изјави за неговото дело на повеќе негови современици од земјата и странство.
Исто така, во списанието ексклузивно е објавена статијата „За правците на возобнова на урнатата надворешна политика на Република Македонија“ на професорот д-р Љубомир Д.Фрчкоски, поранешен министер за надворешни работи на Р.Македонија. Натаму како прилози од „Историјата на македонската дипломатија“, следат написите „Република Македонија на дипломатската сцена“, на Ахил Тунтев, „Независноста на Македонија – првостепена задача“ на амбасадорот Трајан Петровски и други.