Артикли

Филтер
  • СООПШТЕНИЕ ОД ДИПЛОМАТСКИОТ КЛУБ - СКОПЈЕ

    Во поддршка на иницијативите за именување на скопскиот аеродром
    со името на Киро Глигоров

    Во годинава, во која се одбележува јубилејот - 100 години од раѓањето на првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров, Дипломатскиот клуб – Скопје, во континуитет, повеќе пати и на разни начини, го изрази своето почитување на неговото дело, а во мај оваа година, во МАНУ беше организатор и на научната конференција „Улогата на Киро Глигоров во меѓународното етаблирање на Република Македонија“. Во подготовка е публикацијата со излагањата на оваа Конференција и со осврти на домашни и странски истакнати личности за делото на Киро Глигоров. Поведен од одделни јавни манифестации, Извршниот одбор на Дипломатскиот клуб ја дава својата поддршка на искажаните иницијативи, во иднина, скопскиот меѓународен аеродром да го носи неговото име. Воедно, Извршниот одбор на Дипломатскиот клуб ја поддржува и иницијативата на Филателистичкиот сојуз на Македонија за издавање поштенска марка по повод 100-тата годишнина од раѓањето на претседателот Киро Глигоров.