Создадено на Четврток, 21 Декември 2017 20:08
На 15 декемеври 2017 година, во Домот на АРМ, беше промовирана книгата на Виктор Габер „Од објект до субјект – Македонија во меѓународните односи“, издадена од фондацијата „Фридрих Еберт“, канцеларија во Македонија.

Во оваа опсежна студија Габер се осврнува на генезата на традиционалните, културните, и политичките услови за формирање на масовно чувство и потреба од постоење на самостојна македонска држава. Во книгата опширно се следат овие процеси сè до предизвиците за зачувување на статусот на суверена и независна држава, субјект на меѓународната сцена, на актуелната политичка карта на светот.