LOADING
https://diplomatskiklub.org.mk/modules/mod_image_show_gk4/cache/baily-diplomatski-klub-1gk-is-157.jpg
https://diplomatskiklub.org.mk/modules/mod_image_show_gk4/cache/logo-diplomati-malogk-is-157.jpg
https://diplomatskiklub.org.mk/modules/mod_image_show_gk4/cache/manu 13-mingk-is-157.jpg
https://diplomatskiklub.org.mk/modules/mod_image_show_gk4/cache/tenis-turnir-3gk-is-157.jpg
https://diplomatskiklub.org.mk/modules/mod_image_show_gk4/cache/diplomatski_letopisgk-is-157.jpg
https://diplomatskiklub.org.mk/modules/mod_image_show_gk4/cache/godisno-sobranie-2018-2gk-is-157.jpg
https://diplomatskiklub.org.mk/modules/mod_image_show_gk4/cache/dsc_7163gk-is-157.jpg

Најнови Вести

  • Џес Бејли гостин-воведнич...
  • Дипломатскиот клуб – Скоп...
  • Промицијата на книгата - ...
  • Успешно одржан тенискиот ...
  • Излезе четвртиот број на ...
  • Дипломатскиот клуб од Ско...
  • Размена на мислења со пре...

Џес Бејли гостин-воведничар во Дипломатскиот Клуб

Н.Е. амбасадорот на Соединетите држави на Америка во Република Македониија, Џес Бејли беше гостин-воведничар во

Повеќе...

Дипломатскиот клуб – Скопје за спогодбата Заев-Ципрас

По повод најавената спогодбата меѓу владите на Република Македонија и Република Грција за надминување на

Повеќе...

Промицијата на книгата - Зборник „За и од Киро Глигоров“

Дипломаткиот клуб, кој во мај 2017 година, по повод 100-тата годишнина од раѓањето на првиот

Повеќе...

Успешно одржан тенискиот турнир на дипломатите и бизнисмените

Во организација на Министерството за надворешни работи, Дипломатскиот клуб и фирмата „Дајнерс Интернејшнел“, на 12

Повеќе...

Излезе четвртиот број на списанието „Дипломатски летопис“

Излезе четвртиот број на списаниетпо „Дипломатски летопис“, што го издава Дипломатскиот клуб-Скопје. Документ: Дипломатски Летопис број.

Повеќе...

Дипломатскиот клуб од Скопје на 27 март 2018 го одржа своето Годишно собрание.

Овој клуб како невладина организација постои осум години и во него членуваат дипломати од кариера

Повеќе...

Размена на мислења со претседателот на Владата, Зоран Заев

На покана од Кабинетот на Претседателот на Владата на Република Македонија, делегација на Дипломатскиот Клуб,

Повеќе...

Добродојдовте во Дипломатскиот клуб во Скопје!


Да, во Скопје, во главниот град на Република Македонија, град кој веќе втора деценија е домаќин на десетици дипломатски мисии на странски држави. Во Скопје, град кој има долга дипломатско конзуларна традиција од времето кога и Македонија беше во составот на Отоманската Империја, кога во него беа отворени и делуваа конзулатите на Франција, Италија, Србија, Бугарија и други. Денес, со задоволство можеме да констатираме дека во Република Македонија и во нашето Скопје се акредитирани 70 шефови на амбасади, од кои 25 се резидентни, 27 претставници на меѓународни организации и 13 почесни конзули (додека во Битола 10 и во Штип 1 почесен конзул). Воедно, во Скопје седиште имаат и две регионални организации (МАРРИ и Регионалната канцеларија на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа).


Нашиот и Ваш Дипломатски клуб си постави за цел да создаде можности за унапредување како на професионалниот, така и на социјалниот живот на дипломатите во Скопје, било тоа да се македонски актуелни и поранешни дипломати или на акредитираните странски дипломати во нашиот главен град.

Во серијата на зацртаните и веќе остварени активности Клубот организира средби и панел дискусии за теми од професионалниот интерес на дипломатите, од областа на надворешните работи, меѓународните односи и меѓународното право, како и активности поврзани со меѓународната положба во Република Македонија и афирмацијата на нејзините реалности во светот.

Сите сте добредојдени на овој сајт, но и на активностите на Клубот, независно дали сте активни членови или имате интерес за некоја од темите кои ние ги третираме или активностите кои ги организираме. Затоа, информирајте се за активностите Клубот и согласно Вашите интереси земете учество...

 

Од Извршниот одбор на Дипломатскиот клуб


30
Мај 17

Во услови кога Државата покажува неразбирање, па дури и омаловажување на сопствената историја, Дипломатскиот клуб се одлучи, без глорификација или идолатрија од кој и да е вид, да ја организира оваа научно- дипломатска конференција со цел да се направи осврт на улогата на првиот Претседател на самостојна Македонија во функција на разбирање на конкретните избори направени во конкретен контекст.

Од излагањата јасно произлезе дека во процесот на меѓународно етаблирање на самостојна Македонија, Глигоров се раководел од крајно дефинирани надворешно- политички ориентири. Политиката на мирољубиво одвојување од СФР Југославија односно мирољубиво осамостојување нужно довела до диференцијација на односот спрема меѓународните фактори, па на тој начин се дошло до градење доверба и најтесна соработка со НАТО, САД и ЕУ (при што како колатерална штета се појавува напуштањето на Движењето на неврзаните), додека спрема соседите се применува принципот на еквидистанца. Ставајќи ја мирољубивоста на највисок пиедестал, од друга страна, нужно довела до воведување на принципите на конструктивен легализам и трпение, односно долгорочност на надворешно- политичкото дејствување. 

Методологијата што Глигоров ја користел има, исто така, свои специфики, при што се издвојуваат искористувањето на сопствените квалитети и посебно градењето кредибилитет во меѓународните односи – поставување, од една страна, како стабилен државник кој има сериозно влијание врз состојбите во сопствената земја, а од друга, висока кооперативност со меѓународната заедница, и употребата на алтернативни средства како супститут на класичните политички средства (научен наместо политички дијалог со конкретна земја; уметноста како мост на поврзување со конкретни земји и т.н.).

Антиципативноста, како предуслов за успешно дејствување во меѓународните односи, ја користел во повеќе прилики, па оттука кризата во Албанија 1997 година го поттикнува да се внимава исклучително многу на посредните последици што од такви ситуации произлегуваат по соседството, и уште поконкретно што би можеле да ја загрозат безбедноста на Македонија. Такви антиципации се и тнр. „Тајванска криза“ односно ризиците по Македонија од политичкото признавање на Тајван, но и последиците од евентуалната употреба на македонската територија за НАТО акции спрема Србија, како и, неколку години претходно, економското „враќање“ односно реконекција со, во тој момент веќе, поранешните југословенски републики.

Не беа заобиколени ниту критиките што посебно по определени прашања добивале сериозна гласност во македонската партиска или поширока јавност. На прво место е, секако, привремената референца како модалитет за влегување во ОН, а подоцна и други глобални меѓународни државни организации, која референца како правно солуција и’ овозможи релативно висок степен на интеграција на Македонија во меѓународната заедница, но, пак од друга страна ни најмалку не се покажа како времена туку како изразито долгорочна. За жал, за „Тајванската криза“ не се спомна дека се работи за мала земја под сенката на многу поголем сосед – многу поголем од нашите соседи заедно.

Ваквите карактеристики на Глигоров, дел од излагачите ги поврзаа со неговиот развоен пат од поранешна Југославија, преку дилемите што биле преживувани за време на Втората светска војна, па се’ до економските зафати во СФР Југославија каде тој бил или автор или интензивно инволвиран.

Дипломатскиот клуб верува дека една ваква конференција, не само што ќе поттикне натамошни, уште попродлабочени изучувања на сопствената државна историја, туку, преку споредбата на периодот на осамостојување кога дејствуваше Глигоров со денешниот, актуелен период, ќе се овозможи да се развие повеќестран пристап кон прашањето за создавање сопствена релевантност на Македонија за меѓународната заедница и креирањето сопствени вредности препознатливи во меѓународните односи.

 

ОРГАНИЗАТОРИ: Дипломатскиот клуб, во соработка со Македонската академија на науките и уметностите.

ПОЗДРАВНИ ГОВОРИ: Д-р Данчо Марковски претседател на Дипломатскиот клуб и академик Таки Фити, претседател на МАНУ

ПАНЕЛИСТИ:

- Ахил Тунтев / Душан Бојчев: Претседателот Глигоров и меѓународното етаблирање на Македонија

- Луан Старова: Оригиналноста на дипломатските потези на претседателот Глигоров

- Тодор Чепреганов / Презентер Ѓоко Цакарјаневски: Киро Глигоров меѓу „сепаратизмот“ и „антикомунизмот“

- Виктор Габер: Мировната мисија на претседателот Глигоров за Македонија

- Љупчо Арсовски: Киро Глигоров, државник со визија и посебен придонес во македонската дипломатија преку мудрост, трпение и кооперативност

Модератори: Живко Кондев и Сашко Тодоровски

Работен јазик: македонски 

Проекти на ДК

Дебата „Преспанскиот договор, меѓународната позиција на РМ и...“

На 20 септември 2018 година, во Министерството за надворешни работи на Република Македонија се одржа Дипломатско-академска...

Идни активности на дипломатскиот клуб-скопје

19 јуни 2018 средба со Бејли
28 јуни 2018 средба со Нато во РМ
12 септември 2018 средба со Колбер