Н.Е. амбасадорот на Соединетите држави на Америка во Република Македониија, Џес Бејли беше гостин-воведничар во
Повеќе...По повод најавената спогодбата меѓу владите на Република Македонија и Република Грција за надминување на
Повеќе...Дипломаткиот клуб, кој во мај 2017 година, по повод 100-тата годишнина од раѓањето на првиот
Повеќе...Во организација на Министерството за надворешни работи, Дипломатскиот клуб и фирмата „Дајнерс Интернејшнел“, на 12
Повеќе...Излезе четвртиот број на списаниетпо „Дипломатски летопис“, што го издава Дипломатскиот клуб-Скопје. Документ: Дипломатски Летопис број.
Повеќе...Овој клуб како невладина организација постои осум години и во него членуваат дипломати од кариера
Повеќе...На покана од Кабинетот на Претседателот на Владата на Република Македонија, делегација на Дипломатскиот Клуб,
Повеќе...Добродојдовте во Дипломатскиот клуб во Скопје!
Да, во Скопје, во главниот град на Република Македонија, град кој веќе втора деценија е домаќин на десетици дипломатски мисии на странски држави. Во Скопје, град кој има долга дипломатско конзуларна традиција од времето кога и Македонија беше во составот на Отоманската Империја, кога во него беа отворени и делуваа конзулатите на Франција, Италија, Србија, Бугарија и други. Денес, со задоволство можеме да констатираме дека во Република Македонија и во нашето Скопје се акредитирани 70 шефови на амбасади, од кои 25 се резидентни, 27 претставници на меѓународни организации и 13 почесни конзули (додека во Битола 10 и во Штип 1 почесен конзул). Воедно, во Скопје седиште имаат и две регионални организации (МАРРИ и Регионалната канцеларија на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа).
Нашиот и Ваш Дипломатски клуб си постави за цел да создаде можности за унапредување како на професионалниот, така и на социјалниот живот на дипломатите во Скопје, било тоа да се македонски актуелни и поранешни дипломати или на акредитираните странски дипломати во нашиот главен град.
Во серијата на зацртаните и веќе остварени активности Клубот организира средби и панел дискусии за теми од професионалниот интерес на дипломатите, од областа на надворешните работи, меѓународните односи и меѓународното право, како и активности поврзани со меѓународната положба во Република Македонија и афирмацијата на нејзините реалности во светот.
Сите сте добредојдени на овој сајт, но и на активностите на Клубот, независно дали сте активни членови или имате интерес за некоја од темите кои ние ги третираме или активностите кои ги организираме. Затоа, информирајте се за активностите Клубот и согласно Вашите интереси земете учество...
Од Извршниот одбор на Дипломатскиот клуб
Дипломатскиот клуб од Скопје денес беше организатор на втората дебата во рамките на Форумот за надворешна политика. Темата беше: „Дипломатијата и надворешната политика на Република Македонија". Станува збор на серија од пет дебати за надворешната политика на Република Македонија организирани од невладините организации Фридрих Еберт и Прогрес, а поединечни организатори на одделните сесии беа: Универзитетот на ЈИЕ (24.5.2017) и Дипломатскиот клуб од Скопје (21.6.2017). Наесен ќе бидат организирани уште три сесии од кои една на Американскиот колеџ и две на УКИМ (Правниот и Филозофскиот факултет).
Учесниците на овие дебати дискутираат на следните теми: