Н.Е. амбасадорот на Соединетите држави на Америка во Република Македониија, Џес Бејли беше гостин-воведничар во
Повеќе...По повод најавената спогодбата меѓу владите на Република Македонија и Република Грција за надминување на
Повеќе...Дипломаткиот клуб, кој во мај 2017 година, по повод 100-тата годишнина од раѓањето на првиот
Повеќе...Во организација на Министерството за надворешни работи, Дипломатскиот клуб и фирмата „Дајнерс Интернејшнел“, на 12
Повеќе...Излезе четвртиот број на списаниетпо „Дипломатски летопис“, што го издава Дипломатскиот клуб-Скопје. Документ: Дипломатски Летопис број.
Повеќе...Овој клуб како невладина организација постои осум години и во него членуваат дипломати од кариера
Повеќе...На покана од Кабинетот на Претседателот на Владата на Република Македонија, делегација на Дипломатскиот Клуб,
Повеќе...Добродојдовте во Дипломатскиот клуб во Скопје!
Да, во Скопје, во главниот град на Република Македонија, град кој веќе втора деценија е домаќин на десетици дипломатски мисии на странски држави. Во Скопје, град кој има долга дипломатско конзуларна традиција од времето кога и Македонија беше во составот на Отоманската Империја, кога во него беа отворени и делуваа конзулатите на Франција, Италија, Србија, Бугарија и други. Денес, со задоволство можеме да констатираме дека во Република Македонија и во нашето Скопје се акредитирани 70 шефови на амбасади, од кои 25 се резидентни, 27 претставници на меѓународни организации и 13 почесни конзули (додека во Битола 10 и во Штип 1 почесен конзул). Воедно, во Скопје седиште имаат и две регионални организации (МАРРИ и Регионалната канцеларија на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа).
Нашиот и Ваш Дипломатски клуб си постави за цел да создаде можности за унапредување како на професионалниот, така и на социјалниот живот на дипломатите во Скопје, било тоа да се македонски актуелни и поранешни дипломати или на акредитираните странски дипломати во нашиот главен град.
Во серијата на зацртаните и веќе остварени активности Клубот организира средби и панел дискусии за теми од професионалниот интерес на дипломатите, од областа на надворешните работи, меѓународните односи и меѓународното право, како и активности поврзани со меѓународната положба во Република Македонија и афирмацијата на нејзините реалности во светот.
Сите сте добредојдени на овој сајт, но и на активностите на Клубот, независно дали сте активни членови или имате интерес за некоја од темите кои ние ги третираме или активностите кои ги организираме. Затоа, информирајте се за активностите Клубот и согласно Вашите интереси земете учество...
Од Извршниот одбор на Дипломатскиот клуб
Во организација на „Дипломотскиот клуб“, на 13 јуни 2013 година (четврток), во 16 часот, во салата на МНР (ул. „Филип Втори Македонски“), во Скопје, Амбасадорот на Француската Република, Н.Е., г-ѓата Лоренс Оер ќе зборува на тема „МЕСТОТО, УЛОГАТА И КОМПАТИБИЛНОСТА НА ЈАВНАТА ДИПЛОМАТИЈЈА ВО СОВРЕМЕНИТЕ ДИПЛОМАТСКИ СЕРВИЦИ“.
Целта на оваа активност е да придонесе за подобро разбирање на функцијата на јавната дипломатија во остварувањето на надворешната политика и улогата на дипломатискиот сервис во тој процес.
Покрај членовите на Дипломатскиот клуб, на настанот се поканети вработените во МНР, како и сите заинтересирани активни и поранешни македонски дипломати, како и шефовите на странските дипломатски претставништва во Скопје.
Предвидено е средбата да трае 70-ина минути и да се одвива во два дела: презентација на Амбасадорот г-ѓа Оер, по што би слела отворена дискусија.
Пријава на заинретесираните за учество на средбата на:
e–mail адреса: viktor_gaber@yahoo.co.uk
Скопје, 10 јуни 2013
„Дипломатски Клуб“ - Скопје