LOADING
https://diplomatskiklub.org.mk/modules/mod_image_show_gk4/cache/baily-diplomatski-klub-1gk-is-157.jpg
https://diplomatskiklub.org.mk/modules/mod_image_show_gk4/cache/logo-diplomati-malogk-is-157.jpg
https://diplomatskiklub.org.mk/modules/mod_image_show_gk4/cache/manu 13-mingk-is-157.jpg
https://diplomatskiklub.org.mk/modules/mod_image_show_gk4/cache/tenis-turnir-3gk-is-157.jpg
https://diplomatskiklub.org.mk/modules/mod_image_show_gk4/cache/diplomatski_letopisgk-is-157.jpg
https://diplomatskiklub.org.mk/modules/mod_image_show_gk4/cache/godisno-sobranie-2018-2gk-is-157.jpg
https://diplomatskiklub.org.mk/modules/mod_image_show_gk4/cache/dsc_7163gk-is-157.jpg

Најнови Вести

  • Џес Бејли гостин-воведнич...
  • Дипломатскиот клуб – Скоп...
  • Промицијата на книгата - ...
  • Успешно одржан тенискиот ...
  • Излезе четвртиот број на ...
  • Дипломатскиот клуб од Ско...
  • Размена на мислења со пре...

Џес Бејли гостин-воведничар во Дипломатскиот Клуб

Н.Е. амбасадорот на Соединетите држави на Америка во Република Македониија, Џес Бејли беше гостин-воведничар во

Повеќе...

Дипломатскиот клуб – Скопје за спогодбата Заев-Ципрас

По повод најавената спогодбата меѓу владите на Република Македонија и Република Грција за надминување на

Повеќе...

Промицијата на книгата - Зборник „За и од Киро Глигоров“

Дипломаткиот клуб, кој во мај 2017 година, по повод 100-тата годишнина од раѓањето на првиот

Повеќе...

Успешно одржан тенискиот турнир на дипломатите и бизнисмените

Во организација на Министерството за надворешни работи, Дипломатскиот клуб и фирмата „Дајнерс Интернејшнел“, на 12

Повеќе...

Излезе четвртиот број на списанието „Дипломатски летопис“

Излезе четвртиот број на списаниетпо „Дипломатски летопис“, што го издава Дипломатскиот клуб-Скопје. Документ: Дипломатски Летопис број.

Повеќе...

Дипломатскиот клуб од Скопје на 27 март 2018 го одржа своето Годишно собрание.

Овој клуб како невладина организација постои осум години и во него членуваат дипломати од кариера

Повеќе...

Размена на мислења со претседателот на Владата, Зоран Заев

На покана од Кабинетот на Претседателот на Владата на Република Македонија, делегација на Дипломатскиот Клуб,

Повеќе...

Добродојдовте во Дипломатскиот клуб во Скопје!


Да, во Скопје, во главниот град на Република Македонија, град кој веќе втора деценија е домаќин на десетици дипломатски мисии на странски држави. Во Скопје, град кој има долга дипломатско конзуларна традиција од времето кога и Македонија беше во составот на Отоманската Империја, кога во него беа отворени и делуваа конзулатите на Франција, Италија, Србија, Бугарија и други. Денес, со задоволство можеме да констатираме дека во Република Македонија и во нашето Скопје се акредитирани 70 шефови на амбасади, од кои 25 се резидентни, 27 претставници на меѓународни организации и 13 почесни конзули (додека во Битола 10 и во Штип 1 почесен конзул). Воедно, во Скопје седиште имаат и две регионални организации (МАРРИ и Регионалната канцеларија на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа).


Нашиот и Ваш Дипломатски клуб си постави за цел да создаде можности за унапредување како на професионалниот, така и на социјалниот живот на дипломатите во Скопје, било тоа да се македонски актуелни и поранешни дипломати или на акредитираните странски дипломати во нашиот главен град.

Во серијата на зацртаните и веќе остварени активности Клубот организира средби и панел дискусии за теми од професионалниот интерес на дипломатите, од областа на надворешните работи, меѓународните односи и меѓународното право, како и активности поврзани со меѓународната положба во Република Македонија и афирмацијата на нејзините реалности во светот.

Сите сте добредојдени на овој сајт, но и на активностите на Клубот, независно дали сте активни членови или имате интерес за некоја од темите кои ние ги третираме или активностите кои ги организираме. Затоа, информирајте се за активностите Клубот и согласно Вашите интереси земете учество...

 

Од Извршниот одбор на Дипломатскиот клуб


06
Јун 16
ДИПЛОМАТСКИ КЛУБ
С к о п ј е
Република Македонија
semel pro semper2-01 DIPLOMATIC CLUB
S k o p j e
Republic of Macedonia 

Документ за превземање: ТРКАЛЕЗНА МАСА: „ЈАВНАТА ДИПЛОМАТИЈА, КОРИСНА АЛАТКА ВО РАБОТАТА НА ДИПЛОМАТИИТЕ НА МАЛИТЕ ДРЖАВИ ИЛИ НЕ"

РЕЗИМЕ НА АКТИВНОСТ

ТРКАЛЕЗНА МАСА: ЈАВНАТА ДИПЛОМАТИЈА, КОРИСНА АЛАТКА ВО РАБОТАТА НА ДИПЛОМАТИИТЕ НА МАЛИТЕ ДРЖАВИ ИЛИ НЕ“

Место: Правен факултет – Јустинијан Први, Скопје, 26 мај 2016

Трибината на Дипломатскиот клуб беше организирана во соработка со Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Одделот за политички студии (Дипломатија и меѓународни односи).

Изборот на темата беше заснован на нејзината актуелност во работата на современите дипломатии, значењето што таа го има во меѓународните интеграциони процеси и во градењето на угледот на државата во меѓународната заедница, предизвици пред кои е исправена македонската дипломатија.

Основната цел на трибината беше споделување на хрватското и словачкото искуство во примената на јавната дипломатија низ процесот на нивното меѓународно етаблирање како самостојни држави, и, во тоа светло, дали постои неопходност од примена на дипломатски гамбит во промовирањето на новото лице на Република Македонија од страна на нејзината дипломатска служба, или евентуално, кои би биле алтернативите.

 

Оттука, панелисти беа г-а Данијела Баришиќ амбасадор на Република Хрватска, г. Мартин Безак, амбасадор на Република Словачка и д-р Данчо Марковски, амбасадор, МНР на Македонија, додека модератор беше г. Сашко Тодоровски, ополномоштен министер, МНР на Македонија.

          На Тркалезната маса беше применет мултилингвалниот пристап. Рработни јазици беа македонскиот, хрватскиот, српскиот и англискиот.

Заклучоци: Иако јавната дипломатија како поим се профилирала како вид политичка пропаганда на една земја не кон властите туку кон различните општествени категории на друга или други земји, актуелниот момент во меѓународните односи го редимензионираше овој концепт во корисна алатка и за помалите земји или ненајзначајните фактори во меѓународните односи. Имено, во услови кога властите на земјата домаќин немаат интерес или немаат доволно можности за детална дисеминација на информациите за огромен број држави во светот, јавната дипломатија се јавува како форма на себепромоција на една држава пред општествените структури на таа, односно земјата домаќин.

Себепромоцијата е базирана на принципите на видливост, препознатливост и атрактивност (во кој контекст јасно произлезе дека негативната препознатливост не може по формулата ‘нема лоша реклама’ да биде продуктивен пристап). Во хрватското искуство доминира пристапот на широк дијапазон области, вклучувајќи ги културата и спортот, додека во словачкото искуство акцентот е ставен на „бренирањето“ како пристап што ги обединува трите принципи.

Македонското, пак, искуство посочува и на една латентна димензија, кога себепромоцијата како крајна цел има зачувување на идентитетот, а преку тоа е опфатен и поширокиот, егзистенцијалниот пристап. Следствено, јавната дипломатија станува еден од клучните или најважните столбови на надворешно- политичката ориентација.

Посебен акцент беше ставен на меѓународната соработка на научен план, но, која едновремено претставува и синергија која може да произлезе од соработката на една дипломатија со научните структури во сопствената земја, се разбира во услови на односи со кои се обезбедува некомпромитираност на самите научни сознанија ставени во оперативни цели.

Еднодушна беше оценката дека Република Македонија во актуелниот момент не е во најдобрата позиција да развива јавна дипломатија, но, тоа не значи дека не треба да се развива стратешки пристап, вклучувајќи ги материјалните и човековите ресурси, што би можел да се примени промптно во момент на промена на условите и конјуктурата. (30.05.2016)

Проекти на ДК

Дебата „Преспанскиот договор, меѓународната позиција на РМ и...“

На 20 септември 2018 година, во Министерството за надворешни работи на Република Македонија се одржа Дипломатско-академска...

Идни активности на дипломатскиот клуб-скопје

19 јуни 2018 средба со Бејли
28 јуни 2018 средба со Нато во РМ
12 септември 2018 средба со Колбер