Skip to content
Почетна > Управувачка структура

Управувачка структура

Дипломатскиот клуб – Скопје на 16 април 2024 година одржа редовно изборно собрание на коешто, помеѓу останатите точки, беше и избор на нови членови на управачките тела на Клубот. Со едногласна одлука за нови членови на управувачките тела и позиции на Клубот беа избрани:

ИЗВРШЕН ОДБОР

Г-дин Огнен Малески

амбасадор (во пензија)

Г-дин Виктор Габер

амбасадор (во пензија)

Г-дин Јован Теговски

амбасадор (во пензија)

Г-ѓица Сања Зографска

директор во МНР

Г-дин Драган Јањатов

дипломат (во пензија)

Г-дин Петре Митев

дипломат (во пензија)

Г-дин Зоран Тодоров

дипломат во МНР

НАДЗОРЕН ОДБОР

Г-дин Благој Зашов

амбасадор (во пензија)

Г-ѓица Лина Огненова

дипломат (во пензија)

Г-дин Јошко Станковиќ

дипломат (во пензија)

Со едногласна одлука на управувачките позиции на ДКС беа избрани:

Г-дин Јован Теговски

Претседател

Г-ѓица Сања Зографска

Потпретседател

Г-дин Виктор Габер

Секретар

Почитувани пријатели на Дипломатскиот клуб-Скопје,

Ми претставува особена чест и задоволство да споделам неколку мисли со вас. Пред сѐ, би сакал да ја реафирмирам улогата на Дипломатскиот клуб како платформа за дискусија и размена на мислења, идеи и анализи во врска со актуелни надворешно-политички прашања од интерес за Северна Македонија и регионот на Југоисточна Европа. Воедно да ја нагласам важноста на дипломатијата во афирмација на државата и пласманот на нејзините интереси на меѓународен план, како и нејзиниот придонес за изнаоѓање решенија низ дијалог и компромис во надминување на разликите, решавање на отворените билатерални и регионални прашања и напредок во билатералните и мултилатералните односи.

Дипломатскиот клуб во 2025 година ќе одбележи 15 години од регистрацијата како Здружение на активни и пензионирани дипломати од нашата држава. Сите овие години Клубот е ангажиран на афирмација и промоција на вредностите на Северна Македонија на меѓународен план и на нејзината надворешна политика,  унапредување  и збогатување на односите и соработката со соседите и стратешките партнери, развој на регионалната соработка, поддршка на евро-интегративните процеси и, особено, на преговорите на државата за полноправно членство во Европската унија, зацврстување на нејзината улога во мултилатералните тела, пред се ОН, Советот на Европа, ОБСЕ, НАТО итн.

Дипломатскиот клуб ве поканува и Вие, претставници на државните институции, на странските ДКП акредитирани во Северна Македонија, на академската, бизнис и медиумската заедница, како и на граѓанското општество да придонесете со Ваши идеи, предлози и мислења во реализирањето на основните определби и активности на Клубот на следната e-mail адреса: contact@diplomatskiklub.org.mk

Г-дин Јован Теговски

Претседател