Skip to content
Почетна > Одлука за Дипломатскиот клуб

Одлука за Дипломатскиот клуб

Основачкото собрание за формирање на здружението „Дипломатски клуб“ во Скопје, денес, на 18 февруари 2010 година, во Скопје, во зградата на „Технометал – Вардар“ (ул.„Македонија“ б.б., 1000 Скопје), по спроведувањето на постапката за избор на членови на Управниот одбор и членови на Надзорната комисија на Здружението (отворање на изборот, предлози за кандидати и гласање) ги донесе следните

 

О Д Л У К И

За членови на Управниот одбор на здружението „Дипломатски клуб“, покрај претседателот Виктор Габер и потпретседателот Огнен Малески избрани се:

  • Благој Зашов
  • Трајче Илиевски
  • Шпреса Јусуфи
  • Стојан Руменовски и
  • Лина Огненова.

Mандатот на Управниот одбор е во траење од две (2) години.

  1. За членови на Надзорната комисија за здружението „Дипломатски клуб“ избрани се:
  • Васил Пановски
  • Радика Секуловска и
  • Петко Стефановски.

Мандатот на Надзорната комисија е во траење од две (2) години.

 

Претседавач на Основачкото собрание на здружението „Дипломатски клуб“
Сашко Тодоровски

 Скопје, 18 февруари 2010.