Skip to content
Почетна > Програма за работа

Програма за работа

Дипломатскиот клуб во својата основна активност има за цел остварување на поширокиот интерес на државата Република Македонија за примена на традиционалните меѓународни обичаи за непосредна комуникација на дипломатите од различни држави. Притоа, се тргнува од интересот за создавање услови за колегијална, пријателска и професионална размена на мислења меѓу активните дипломати од Министерството за надворешни работи на Република Македонија, нивните пензионирани колеги од една и странските дипломати акредитирани за Република Македонија, независно дали се резидентни во Скопје, престолнината на државата Република Македонија или во некоја друга престолнина. 

  1. Во реализација на својата Програма Дипломатскиот клуб тесно ќе соработува со Министерството за надворешни работи на Република Македонија и со Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, а во функција на реализација на следниве цели:
  • Севкупна афирмација на Република Македонија и на нејзината надворешна политика демократски утврдена во институциите на системот и афирмација на реалностите во македонското мултикултурно и мултиконфесионално општество;
  • Афирмација на ангажирањата за унапредување и содржинско збогатување на односите на Република Македонија со соседите и земјите од Регионот на Југоисточна Европа;
  • Афирмација на меѓународните традиции и обичаи во меѓусебното општење на дипломатите од разни држави, а во рамките на постојните меѓународни конвенции кои ја третираат оваа материја;
  • Поддршка и афирмирање имплементацијата на Повелбата на Обединетите нации, документите на Советот на Европа, ОБСЕ, како и европски и евро-атлантските вредности, кон кои тежи Република Македонија; и
  • Развој на проекти релевантни за истражување и документирање на дипломатската теорија и практика, како во Република Македонија, така и пошироко во другите држави, односно на мултилатерален план.

2. Како конкретни целиво остварување на својата Програма за работа, Дипломатскиот клуб ќе се насочи кон:

    • Развој на соработка со соодветни владини и невладини органи и организации во Република Македонија, кои се ангажирани во областа на надворешната политика и меѓународните односи, а за размена на искуства, организирање предавања, панел дискусии и конференции.
    • Создавање услови и соработка со Дипломатската академија на Министерството за надворешни работи на Република Македонија;
    • Развој на соработка на субјекти од Република Македонија со соодветни од странство, а за размена на искуства, организирање предавања, панел дискусии и конференции од областа на меѓународната политика, меѓународните односи и меѓународното право;
    • Поттикнување и унапредување на дипломатската пракса;
    • Поттикнување на изучување на дипломатската активност и методите кои се користат при нејзиното остварување;
    • Поттикнување на млади стручњаци и студенти на изучување на дипломатијата и на неа сродните научни и стручни дисциплини;
    • Поттикнување на изучувањето на историјата на македонската дипломатија;
    • Поттикнување на научното и стручно усовршување на учесниците во органите на државната управа и единците на локалната самоуправа, јавните установи и установите чија дејност може да биде од интерес за дипломатската служба. 

3. Дипломатскиот клуб ќе ја остварува својата Програма преку следниве активности:

  • Објавување теоретски и мемоарски дела од областа на меѓународните односи и меѓународното право, а особено од историјата и практиката на односите во кои влегувале субјектите и државните органи од Македонија;
  • Организирање гостувања на високи функционери од земјата и оние кои ја посетуваат Република Македонија од странство за елаборација на поодделни теми од надворешната политика и меѓународните односи, како и издавање на нивните истапувања пред Дипломатскиот клуб;
  • Тематски осврти по повод актуелни настани од областа на надворешна политика и меѓународните односи;
  • Формирање Интернет страница на Дипломатскиот клуб, заради запознавање на пошироката јавност за активностите зацртани во оваа Програма;
  • Издавање на Билтен (периодично);
  • Давање препораки и предлагање ставови и мислења во врска со  дипломатската активност на Република Македонија
  • Воспоставување и развивање соработка со исти или слични здруженија и организации во странство, како и со сите организации кои ја помагаат работата на Македонскиот дипломатски клуб;
  • Организирање советувања,  предавања, трибини и други стручни собири во врска со прашања поврзани со дипломатијата;
  • Професионално поврзување и информирање на своите членови за развојот на дипломатската пракса во светот;
  • Предлагање расправи и изготвување прописи од областа на дипломатското преставување и меѓународните односи;
  • Ангажирање за обезбедување научна и стручна литература за своите членови;
  • Собирање податоци, книги и списанија, како и друга градба за дипломатијата;
  • Собирање на со закон дозволените средства за редовно извршување на своите активности;
  • Соработка со домашните и странските професионални здруженија;
  • Извршување и на други работи кои придонесуваат за остварување на целите утврдени со Статутот на Клубот; и
  • Остварување повеќе активности од хуманитарна и рекреативна природа;.

4. Дипломатскиот клуб ќе ја остварува својата Програма преку развивање проектни активности за што ќе аплицира за проекти со кои финансиски ќе се помага остварувањето на оваа Програма;

  • Дипломатскиот клуб, врз основа на оваа Програма, ќе изготвува годишни програми за работа.

Претседател на основачкото собрание на Дипломатскиот клуб 
Сашко Тодоровски
Скопје, 18.02.2010 година