Извршниот одбор на „Дипломатски клуб“ во Скопје, денес, на 15 септември 2010 година, во Скопје, во зградата на „Технометал – Вардар“ (ул.„Македонија“ б.б., 1000 Скопје), по размената на мислењата со поширокото членство и нивно ускладување со чл. 3 и чл.4 од Статутот на Клубот, ја донесе следнава.
О Д Л У К А
за
критериуми за членство во „Дипломатскиот клуб“ Скопје
- Поведени од потребата од дефинирање на условите за прием во членство на лица заинтересирани да се вклучат во активностите на Клубот;
- Со оглед на принципиелната отвореност на Клубот за учество на што поголем број на заинтересирани за дипломатијата, надворешната политика, меѓународните односи и меѓународното право;
- како и во функција за допрецизирање на одредби на Статутот на Клубот, Извршниот одбор на здружението „Дипломатски клуб“
у т в р д и:
- Член на Клубот може да биде:
- активен или поранешен дипломат на Република Македонија, кон работел најмалку 6 (шест) години во Министерството за надворешни работи;
- странски дипломат за време на својот мандат во Република Македонија;
- секој почесен конзул на странска држава во Република Македонија..
- По предлог на Извршниот одбор на ДК почесен член на Клубот може да биде:
- поранешен министер за надворешни работи на Република Македонија;
- истакнат поединец кој ја следи проблематиката на дипломатијата, надворешната политика, меѓународните односи и меѓународното право и/или активностите на Клубот.
- Одлука за прием на нов член, со задолжително образложение ја донесува Извршниот одбор на Клубот, најдоцна три недели од поднесување на барањето за членство во Клубот.
Скопје, 15 септември 2010.
Виктор Габер, претседател