Skip to content
Почетна > Средба со амбасадорот на Полска во Скопје Мариуш Бримора

Средба со амбасадорот на Полска во Скопје Мариуш Бримора

Раководството на Дипломатскиот клуб – Скопје, во рамки на своите редовни активности, оствари средба со Амбасадорот на Република Полска во Скопје Мариуш Бримора на која што беа разменети мислења, пред се, во врска со резултатите на Полското претседателство со Европската унија во првата половина на 2025 година, како и за други актуелни случувања во ЕУ и меѓународните односи.

Амбасадорот Бримора, позитивно ги оцени остварувањата на Полското претседавање со ЕУ особено во однос на најголемиот приоритет посветен на европската одбрана и безбедност во време на тековните геополитички турбуленции. Во тој контекст го нагласи усвојувањето на новиот финансиски инструмент SAFE (Security Action for Europe) со којшто се алоцираат 150 млрд евра за финансиска поддршка на заложбите на земјите членки на ЕУ за  подигање на нивната одбранбена готовностПолското претседателство вложило голема енергија за надминување на застоите во процесот на проширување на ЕУ кој што останува еден од приоритетите на ЕУ, а Полска ќе продолжи да го поддржува   овој процес.

На средбата се дискутираше и за тековните иницијативи во ЕУ коишто се однесуваат на прашањето на конзенсусот и квалификуваното одлучување во однос на проширувањето на ЕУ коишто иако имаат поддршка од повеќе од половина земји членки неизвесно е како ќе се преточат во пракса, важноста на претпристапните фондови на ЕУ и Планот за раст за Западниот Балкан, за влијанието на националните наративи во водењето на политиката, улогата на политичката култура на лидерите на патот кон интеграцијата во ЕУ и компромисот како еден од клучните елементи во демократијата.

 

Сподели ја оваа објава на: