По повод Денот на македонската дипломатија 29 април, Дипломатскиот клуб – Скопје и Американскиот универзитетски колеџ Скопје,
на 27 април 2023 година организираат Панел – дискусија на тема
„ РЕГИОНАЛНИТЕ ИНИЦИЈАТИВИ И ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА“
Оваа Панел – дискусија треба да придонесе за натамошно проучување на придонесот на регионалните иницијативи за што поуспешно прилагодување на нивните земји-членки во процесот на интеграција во Европска унија. Од особено значење е расправа и извлекување на заклучоци од досегашните искуства во имплементацијата на одлуките постигнати во рамките на регионалните иницијативи и нивното компаративно согледување со степенот на прифаќање на acquis communautaire на ЕУ.
Се очекува на Панелот да се обратат високи претставници од државните институции и претставници на меѓународни организации акредитирани во Скопје, како и претставници на специјализирани организации ангажирани во развој на регионалните иницијативи.