Претседателот и секретарот на Дипломатскиот клуб Јован Теговски и Виктор Габер на покана на професорот во Средно-економското и правно училиште “Васил Антевски–Дрен“ од Скопје Александар Давидовски, учествуваа во интерактивната настава со учениците од трета и четврта година од ова училиште на тема дипломатија. Средбата се одржа во рамки на активностите на училиштето насочени кон поттикнување на интересот на учениците за дипломатијата и претставувањето на една држава на меѓународен план.
Целта на средбата беше на учениците да им се објаснат најважните поими и основни карактеристики на дипломатијата и дипломатската професија, како и да се запознаат со одредени сегменти на македонската дипломатија. Преку прашања, одговори и коментари учениците имаа можност да дознаат повеќе за тоа како се претставуваат и се бранат интересите на една држава во односите со странски сбјекти, кои се дипломатските рангови и функции, разликите помеѓу звањата амбасадор, генерален конзул и конзул, што претставува терминот persona non grata, важноста од познавањето на јазикот на земјата во која што се службува, дипломатските патни исправи итн.
Средбата беше организирана во период кога учениците се подготвуваат да ја изберат својата идна професија,
Скопје, 09.10.2025