Skip to content
Почетна > Членови на Дипломатскиот клуб реализатори на важен филателистичко-историски проект

Членови на Дипломатскиот клуб реализатори на важен филателистичко-историски проект

Истакнатите членови на Дипломатскиот клуб – Скопје, Димитар Белчев претседател на Извршниот одбор и Виктор  Габер, секретар на Сојузот на филателисти на Македонија беа носители и реализатори на повеќегодишниот филателистички-историски проект “Народните херои од народноослободителната боррба 1941-1945 од Македонија“.

Овој исклучителен проект, започнат во 2021 година, е успешно завршен со издавањето на последните комплети спомен-пликови и спомен-разгледници со ликовите на сите шеесетишест народни херои од Македонија, а по повод 9 мај и 80-годишнината од победата над фашизмот, како и 75-годишнината од основањето на Сојузот на филателистите на Македонија.

Цел на проектот е да се остави во наследство за следните генерации споменот на делото на нашите херои. Промоциите на изданијата се одржувале во нивните родни места, при што филателистичкиот материјал е подаруван на семејствата на хероите.

Вредниот и обемен филателистички материјал, подготвен според меѓународни филателистички правила и во ограничен тираж, е наменет за чување во институциите коишто се грижат за историското наследство на Македонија на државно и општинско ниво.

 




Сподели ја оваа објава на: