На 08 мај 2026 година, во Клубот на пратениците во Скопје, во организација на Дипломатскиот клуб – Скопје (ДКС), Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРНТ) на Северна Македонија и Универзитетот Американ колеџ – Скопје (УАКС) се одржа интерактивна работилница на тема “Diplomatic Foresight: Anticipating Change in an Age of Uncertainty”/“Дипломатска предвидливост: антиципирање на промените во ера на неизвесност. Работилницата беше наменета за млади дипломати од МНРНТ и студенти од УАКС а со цел унапредување на капацитетите за стратешко размислување и вклучување на овој концепт во дипломатијата.,
На настанот поздравни обраќања имаа Зоран Димитровски, заменик министер за надворешни работи и надворешна трговија, проф. д-р. Иван Додовски, декан на УАКС и амбасадорот Јован Теговски, претседател на ДКС, додека воведен настап имаше амбасадорката на Јапонија во Северна Македонија Н.Е. Сецуку Кавахара.
Говорниците, помеѓу другото, укажаа на се поголемата важност на концептот на diplomaticforesight и развој на соодветни капацитети во дипломатската служба во услови на длабоки глобални трансформации. Беше нагласено дека современиот меѓународен контекст, бара од дипломатите не само реакција, туку и способност за проактивно размислување и навремено препознавање на идните ризици и можности. Денес, овој концепт претставува една од клучните алатки за зајакнување на отпорноста и ефективноста на надворешната политика, како и за подобро позиционирање на државите во услови на неизвесност. Исто така, беше подвлеченапотребата од поврзување на институционалната пракса со академското знаење и од унапредување на улогата на младите дипломати како носители на нови пристапи во дипломатијата, а што претставува инвестиција во иднината на нашата надворешна политика.
Во работниот дел, проф. Марина Андева од УАЦС и проф. Сана Кетонен-Окси од Универзитетот за применети науки Лауреа, Финска, поподробно го објаснија концептот наdiplomatic foresight. Во рамките на практичната работа учесниците имаа можност да се запознаат со методите за идентификација на клучните двигатели на промени (геополитика, безбедност, технологија, клима и мултилатерализам), методите на предвидување подготовката на сценарија преку анализа на различни идни дипломатски контексти и нивните импликации и останати алатки на овој концепт..
На завршната пленарна сесија беа споделени главните согледувања, при што беше подвлечена потребата од интегрирање на концептот на diplomatic foresight во дипломатската служба и практика и неговата релевантност во процесот на дипломатската обука,.
На крајот од работилницата на младите дипломати и студентите им беа доделени сертификати за нивното активно учество на истата.



