Skip to content
Почетна > Прва меѓународна конференција на дипломатски клубови

Прва меѓународна конференција на дипломатски клубови

Дипломатскиот клуб – Скопје, на покана на Дипломатскиот клуб на Словенија, имаше виртуелно учество на првата меѓународна конференција на дипломатски клубови што се одржа во Љубљана на 20 мај, 2025 година. На конференцијата, покрај домаќинот, учествуваа дипломатски клубови од Швајцарија, Полска, Босна и Херцеговина и Оман, како и Словенечко-норвешката бизнис асоцијација.

Во работниот дел од настанот, беше прочитано писменото обраќање на претседателот на клубот Јован Теговски до учесниците на настанот, а преку power point presentation (кликни за преглед), беа прикажани најважните факти и активности на Дипломатскиот клуб – Скопје и неговото специјализирано списание “Дипломатски летопис“.

Конференцијата беше организирана со цел поврзување на дипломатските, економските и културните актери и зајакнување на меѓународниот дијалог и истата беше проследена со конструктивни дискусии, размена на искуства и добри практики, како и разгледување на нови можности за соработка.

На маргините на настанот беше потпишана Спогодба за соработка меѓу присутните клубови, додека од страна на Дипломатскиот клуб – Скопје документот ќе биде потпишан за време на најавената посета на Дипломатскиот клуб на Словенија на нашата земја.

Сподели ја оваа објава на: