Skip to content
Почетна > Промоција во Ресен на делото на Салим Кадри Керими

Промоција во Ресен на делото на Салим Кадри Керими

Промоција во Ресен на делото на Салим Кадри Керими

„Преспанските Турци – историско – демографска студија“

Во организација на Домот на Културата „Драги Тозија“, Ресен и во коорганизација со Дипломатскиот клуб, Скопје, на 15 август 2025 година, во Ресен беше промовиран новиот научно-истражувачки труд на историчарот – дипломат во пензија и публицист Салим Кадри Керими, под наслов „Преспанските Турци – историско – демографска студија“.

На промоцијата учествуваа Јован Тозиевски, градоначалник на Ресен, Лимко Бејзаровски, претседател на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Сали Мурат, поранешен претседател на Уставниот суд на Македонија и актуелен пратеник во Собранието на Република Македонија, голем број граѓани од Ресен и Преспа и други градови на Македонија, како и извесен број Преспански иселеници.

На промоцијата на книгата, модерирана од амбасадорот Благој Зашов, за делото и за авторот говореа рецензентот м-р Фејзула Абдулаи и режисерот Џабир Доко, а на крајот со пригодно излагање се обрати и авторот Салим Кадри Керими.

Инаку, како што може да се види од насловот, централна тема на наведениот труд на колегата Керими претставува историското минато и сегашност на турското население на Ресен и преспанскиот крај на Македонија. Рецензенти на овој труд се историчарот – проф. д-р Борче Илиевски и географот, м-р Фејзула Абдулаи, кој живее во Детроит, САД.

Во книгата која е поделена во три засебни глави, на вкупно 404 страници, авторот на опширен начин ги опишал географските и историски особини на Преспанскиот крај; турското население на Ресен и петте преспански села; и печалбарството кое традиционално е карактеристично за населението на овој крај на Македонија.

C:\Users\salim kerimi\Desktop\DSC_5787.JPG

Сподели ја оваа објава на: