Skip to content
Почетна > ПОКАНА: Културната дипломатија на Северна Македонија: потенцијали, предизвици и перспективи

ПОКАНА: Културната дипломатија на Северна Македонија: потенцијали, предизвици и перспективи

Драги пријатели и колеги,

 

Дипломатскиот клуб Скопје и Установата од културата за музејска и галериска дејност ОСТЕН АРТ Скопје имаат чест и задоволство да Ве поканат на панел дискусијата “Културната дипломатија на Северна Македонија: потенцијали, предизвици и перспективи“ којашто ќе се одржи на 19 јуни 2025 г. со почеток во 11.00 ч. во Галеријата ОСТЕН. ул. Максим Горки 16а, Скопје (програма во прилог).


Настанот се организира по повод четири значајни јубилеи:

80 години од постоењето на ОСТЕН

40 години од творештво на ликовниот уметник Живко Поповски-Цветин

15 години од формирањето на Дипломатскиот клуб – Скопје

10 години од издавањето на „Дипломатски летопис“

 

Панел дискусијата има за цел да ја нагласи важноста на културната дипломатија на Северна Македонија во обликувањето на надворешната политика на државата, со фокус на ликовната уметност во градењето на идентитетот на нашата земја на меѓународен план и можностите нејзините културни вредности и достигнувања ефективно да се искористат за да се засили нејзиниот глас на глобалната сцена, да се промовираат мирот и толеранцијата и да се засили  меѓународниот имиџ на државата. Воедно ќе се дискутира и за уметничкиот идентитет на Северна Македонија, институционалните и неформални дипломатски канали на културната дипломатија, личните приказни на уметниците кои станале амбасадори на културните вредности.

 

Ве молиме потврдете го вашето присуство најдоцна до 17 јуни 2025 г.
на една од следните емаил адреси: contact@diplomatskiklub.org.mk или contact@osten.org.mk

 

 

Со почит,

 Амбасадор Јован Теговски                                 Мице Јанкуловски

Претседател на Дипломатски клуб Скопје      Претседател на ОСТЕН АРТ Скопје

ПОКАНА ЗА ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА

Your browser does not support PDF files.Превземи ја датотеката 

Сподели ја оваа објава на: