Skip to content
Почетна > Во пресрет на големиот јубилеј

Во пресрет на големиот јубилеј

ВО ПРЕСРЕТ НА ГОЛЕМИОТ ЈУБИЛЕЈ

  • 80 години од Првото заседание на АСНОМ –

Драган ЈАЊАТОВ

ПОСТАВЕНИ ТЕМЕЛИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВНОСТ

Патот на македонскиот народ до слободата, националната независност и држава, беше долг и мошне тежок, полн со големи искушенија и историски предизвици, со постојана борба за докажување на сопствените идентитет, територија на која опстојува, јазик на кој се изразува и со одбрана на сите наследени особености и вредности, на автентичните македонски, култура и традиции. Тоа беше борба што траеше повеќе од два века, во која со огромни и драгоцени жртви ја водеа многу македонски поколенија и плејада истакнати македонски личности, преродбеници, револуционери, херои и патриоти. Не беше ни малку лесно да се води борба во конгломератот на мултиетничкото балканско опкружувања и под постојаниот удар на дивергентните политички интереси и заблуди на балканските народи, да се истрае пред разните националистички недобронамерни посегања и асимилаторски тенденции на помоќните соседи. Toa претпоставуваше постојано спротиставување и на воено-стратешките и економскит интереси на големите европски сили и на нивните хегомонистички аспирации во однос на Македонија. Во тие состојби во текот на годините на 19 и 20 век Македонците постојано беа оспорувани и присвојувани. Мошне често, лажни „душебрижници“ и „ослободители“, ги прекројуваа и менува границите на македонската земја. Одземаа делови од територијата на која опстојува македонскиот народ, склучуваа разни „мировни договори и пактови“, а всушност, ги окупираа, разменуваа, или „подаруваа“ делови од територијата на Македонија.

Поделбите на Македонија

На разни начини окупаторите во Макдонија, се трудеа народот, спротивно на неговите волја и желба, да го потчинат, асимилираат и прикажет како дел од својата нација. Иако тој, со ништо не им се заканувше и не даваше повод за тоа. Неговата, во основа, мирољубива историја, најчесто се фалсификуваше и искривуваше. За таа цел се манипулираше и со влијанието и улогата на верата и религијата, како и преку образованито на младите Македонци. Дури се водеа и вистински војни за нивно наметнување врз македонскиот народ. Tокму овде треба да ги бараме причините и корените, заради кои во историјата неговиот живот стана постојана – вечна борба, копнеж и сон за конечни национална слобода, територијална и државна македонска самостојнниост.

Со сета своја историско-политичка комплексност, „мекедонското прашање“ се решаваше долго и болно. Се решаваше билатерално, мултилатерално и најчесто на мировни конференции. Но во текот на два века секогаш неуспешно, со многу загуби и жртви и на незадовлните учесници. Беа кревани епски востанија, буни и револуции. Се водеа и две регионални за Македонците братоубиствени балкански војни, а директно ги осетија и поселедиците од голготите на Првата и Втората светска војна. Со многу крв, јад и чемер е натопен овој мал, карпест дел од Балканот. Македонското минато и македонската судбина во историјата се овековечени како едни од најтрагичните судбини на едне народ. Колективната меморија на македонскиот народ сето тоа го има запишано како своја традиција. Сѐ се памети и наоѓа одраз во битот и културата на македонскиот народ и народите што живееле и битисувале со него и покрај него и стоички заедно ги трпеле и поднесувале тортурите на разните туѓи режими и власт.

„Новото сонце на слободата“

И конечно „новото сонце на слободата“,по текот на Народноослободителната борба на македонскиот народ, која започна на 11 октомври 1941 година против хитлеровската фашистичка коалиција и окупаторските странски држави на Македонија, кон средината 1944 година ја огреа страдалната македонска земја. Токму на 2 август, таа година, се случи „Вториот македонски Илинден“, по оној, помалку успешениот од 1903 година, по Илинденското востание против власта на тогашната Отоманска Империја.

На тоа му претходеше учеството во тешката тригодишна исцрпувачка антифашистичка борба на македонските партизани, под раководството на КПЈ на Југославија, а од 19 март 1943 година и раководството на КП на Македонија, рамо до рамо со македонскиот народ, против окупаторските војски на македонската територија. Во темелите на таа борба и извојуваната победа, се положени животите на 30 илјади загинати партизански борци и припадници на македонското население од разни националности.

Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), врховно законодавно и извршно тело на Демократска Федерална Македонија во рамките на Југословенската Федерација, по претходни опсежни подготовки, е одржано на 2 август 1944 година во манастирот Св. Прохор Пчински. Собранието, на кое учествуваа 160 делегати од сите краишта на Македонија, беше отворено со. исполнување на свечената песна „Изгреј зоро на слободата“. Него официјално го отвори учителот од Велес Панко Брашнаров – најстариот делегат на Собранието. На отворањето присуствуваа и претставници на големите сили, учесници во антифашистичката војна, САД и Велика Британија.

Решенија донесени на Првото заседание на АСНОМ

На овој историски собир на македонскиот народ во екот на Втората светска војна и воени дејствија на македонска територија, се донесени неколку мошне значајни и важни решенија, кои ја утврдија државноста на Републиката:

  • Решение за прогласување на АСНОМ за врховно законодавно и извршно народно претставничко тело и највисок орган на државната власт на демократска Македонија
  • Декларација на АСНОМ за основните права на граѓаните на демократска Македонија
  • Декларација на АСНОМ за воведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава
  • Решение на АСНОМ за прогласување на Илинден – 2 август за народен и државен празник на македонската држава

Првото заседание на АСНОМ формираше и свој Президиум, кој практично претставуваше и првата македонска влада. За претседател беше избран Методи Андонов-Ченто, а за потпретседатели Панко Брашнаров и Емануел Чучков. Исто така беа избрани и двајца секретари, Љупчо Арсов и Владимир Полежиновски. Президиумот имаше уште 17 други членови.

Од Заседанието до македонскиот народ беше упатен Манифестот на Првото заседание на АСНОМ, како и Проглас од Првото заседание до македонскиот народ за одржаното заседание. Покрај овие одлуки на ова заседание се прафетени решенијата од Второто заседание на АВНОЈ од 1943 година во Јајце, одобрена е работата на Главниот штаб и Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ. Исто така е формирана е Комисија за испитување на воените злосторства направени од окупаторите и нивните помагачи, како и Комисија за изработка на нови законски проекти. Избрани се и 40 претставници на македонскиот народ во АВНОЈ и неговиот Президиум.

Сподели ја оваа објава на: